понеделник, мај 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Индексите на Волстрит во плус и покрај геополитичката неизвесност

by Simovski
10.04.2026
in Економија
Индексите на Волстрит во плус и покрај геополитичката неизвесност

Волстрит во четвртокот повторно заврши во позитивен индекс, бележејќи раст втор ден по ред, иако пазарното расположение остана нестабилно поради нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток и прекршување на најавеното примирје меѓу САД и Иран.

Инвеститорите реагираа на зголемената геополитичка неизвесност, која брзо ја засени првичната еуфорија од договорот за привремено примирје. По силниот скок од над 2,5% во претходната сесија, американските индекси во текот на денот прво се лизнаа во негативна зона, за потоа повторно да се стабилизираат и да завршат со раст.

Dow Jones порасна за 0,58% и се искачи на 48.185 поени, S&P 500 напредуваше за 0,62% до 6.824 поени, додека Nasdaq забележа најсилен дневен раст од 0,83% и достигна 22.822 поени.

Ситуацијата дополнително се усложни по извештаите за нова ескалација во регионот, вклучувајќи и силни напади врз Либан, каде што, според информациите, загинале повеќе од 250 лица. Израелските власти, пак, порачаа дека постојниот договор за примирје не се однесува на операциите во Либан, што дополнително ја зголеми неизвесноста на глобалните пазари.

Истовремено, вниманието на инвеститорите го задржа и енергетскиот сектор, откако Ормутскиот теснец остана делумно затворен за танкери, со ограничен проток дозволен само во посебни случаи одобрени од Иран. Ова придонесе за нов раст на цените на нафтата и дополнителен притисок врз пазарите.

Во таква атмосфера, азиските берзи во текот на утринското тргување забележаа пад, тренд што подоцна се прелеа и на европските пазари. Индексите во Лондон, Франкфурт и Париз исто така завршија во минус, одразувајќи ја зголемената глобална претпазливост.

FTSE 100 во Лондон се намали за 0,05% и застана на 10.603 поени, германскиот DAX изгуби 1,14% и падна на 23.806 поени, додека францускиот CAC 40 се намали за 0,22% на 8.245 поени.

Related Posts

Роаминг без дополнителни трошоци: Македонија чекор поблиску до користење мобилни услуги во ЕУ по домашни цени

24.05.2026

СпејсЕкс на Елон Маск ги отвори финансиските книги: Приходи од 18,7 милијарди долари, но и милијардски загуби пред излегувањето на берза

24.05.2026

Познато која фирма за брзи кредити ја загуби лиценцата: Се затвораат 40 филијали, 120 вработени го добиле ова известување

24.05.2026

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Проверете ги бројките пред прес-конференции

23.05.2026

МФ: Одземена дозвола за работа на финансиско друштво, продолжуваат засилените контроли

23.05.2026

Колкава плата земаат вработените во јавното здравство

23.05.2026

Препорачани Вести

Финска повторно на врвот: Најсреќна земја во светот по деветти пат

Финска повторно на врвот: Најсреќна земја во светот по деветти пат

2 месеци ago

Шок за македонски државјанин во Швајцарија: Долг од 82.000 евра за кредит што никогаш не го зел!

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Грција започна операција за затворање на околу 60 нерегистрирани џамии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жена настрадала од експлозија на бојлер во викендица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на Клиника за гинекологија во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турски државјани уапсени во Скопје: Со „ауди“ удриле доставувач, па физички го нападнале

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коалицијата на Египќани се огради од ставовите на Рубин Земон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.