Во акција спроведена во координација со СВР Тетово, екипи на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово откриле случај на неовластено приклучување и користење на електрична енергија во деловен објект на Попова Шапка.
При увидот било утврдено дека електричната енергија се користела незаконски преку кабловски разводен ормар, со директно приклучување на нисконапонска мрежа со кабел со пресек 4×16 mm². Надлежните веднаш изготвиле записник за констатираната состојба, а случајот бил документиран како противправно преземање на електрична енергија.
За настанот е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи, согласно член 235-а од Кривичниот законик, а паралелно е направена и пресметка на причинетата штета. Според изготвената фактура, износот на штетата достигнува 1.361.599 денари.
…












