четврток, јуни 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Од Париз носиме искуства за модерен и еколошки јавен превоз во Прилеп

by Redakcija
24.04.2026
in Република

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека учествувал на работна посета во Париз, каде што се реализирала размена на искуства во рамки на платформата за еколошки автобуси и одржлив возен парк.

Посетата била организирана од Транспортната заедница и ГИЗ – Германското друштво за меѓународна соработка, со поддршка на Регионалната организација за јавен превоз на Париз, Île-de-France Mobilités. Во рамки на програмата, како што посочи Проданоски, биле презентирани конкретни практики за воведување автобуси со нулта емисија, развој на инфраструктура за полнење, како и управување со енергетските ресурси во јавниот транспорт.

„Имавме можност директно да се запознаеме со начинот на кој Париз ја спроведува транзицијата кон одржлив јавен превоз. Овие искуства се од големо значење за нас и ќе помогнат во креирање на идни политики и проекти во Прилеп“, истакна Проданоски.

На средбите учествувале и претставници од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, кои ги презентирале можностите за финансиска поддршка на проекти поврзани со зелена мобилност и модернизација на транспортот.

Проданоски нагласи дека ваквите иницијативи придонесуваат за јакнење на институционалните капацитети и забрзување на процесите на декарбонизација, додавајќи дека се остварени и нови контакти со европски градови и институции, кои ќе бидат основа за идна соработка.

Тој потенцираше дека учеството на посетата било овозможено без користење средства од буџетот на општината.

„Како локална самоуправа, остануваме посветени на воведување современи, еколошки и одржливи решенија, со цел обезбедување поквалитетен јавен превоз и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Проданоски.

…

Related Posts

Коњановски: Зелената стратегија и подземните контејнери ќе го подобрат квалитетот на живот во Битола

25.06.2026

Прогласени денови на жалост во Општина Брвеница

25.06.2026

Костадиноски: Започна изградбата на нова пешачка патека во Жилче

25.06.2026

Вака се сака Прилеп: За една недела никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25.06.2026

БИТОЛА: Почнува изградбата на паркингот „Овчи пазар“ – подготвителните работи стартуваат на 29 јуни

25.06.2026

По 30 години чекање: Почна реконструкцијата на улицата „Дебарска“ во Битола

24.06.2026

Препорачани Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2% доверба

4 месеци ago

Божиновска: Енергетската транзиција е пат кон стабилност и сигурна иднина

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Зелената стратегија и подземните контејнери ќе го подобрат квалитетот на живот во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина великанот на македонската литература и енциклопедистика – Јован Павловски роден 1937 во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на граничниот премин Јажинце – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар „Киро Глигоров“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Белорусија му сврте грб на Путин? Се огласи Кремљ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.