среда, јуни 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Притвор за шестмина во случајот со нелегален ботокс, под истрага мрежа од 19 лица

by Redakcija
25.04.2026
in Црна Хроника

Кривичниот суд одреди мерка ефективен притвор за шест лица осомничени во случајот со нелегален увоз и употреба на ботокс и дермални филери, додека на четворица им е изречен куќен притвор, а деветмина добија мерки за претпазливост.

Станува збор за организирана мрежа која е под истрага поради сомнение дека шверцувала нерегистрирани медицински препарати, кои потоа биле користени при естетски интервенции врз пациентки во земјава. Според истражните органи, дел од осомничените се лекари вработени во јавни здравствени установи, како и сопственици на приватни ординации.

Истрагата покажала дека препаратите, меѓу кои ботокс и филери од брендовите „Револакс“ и „Диспорт“, биле внесувани без соодветна регистрација, декларации и контроли од надлежните институции. Во нелегалниот синџир бил вклучен и царински службеник, кој според сомнежите, примал мито за да овозможи непречен влез на препаратите во државата.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека предистрагата траела со месеци, по што била спроведена координирана акција во Скопје, Струмица и Битола. Притоа биле приведени повеќе лица, а поднесена е кривична пријава против 19 физички и шест правни субјекти.

Осомничените се товарат за злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост, неовластена употреба на туѓа фирма и примање поткуп. Според обвинителството, тие свесно користеле нерегистрирани медицински средства, со што го довеле во ризик здравјето на граѓаните.

Дополнително, истрагата опфаќа и лица блиски до осомничените, кои учествувале во складирање и чување на нелегалните препарати. Дел од нив биле набавувани од Србија, Кореја и Турција, а потоа дистрибуирани и користени за естетски зафати.

Од Министерството за здравство засега нема конкретни препораки за пациентите кои биле третирани со ваквите препарати. Во меѓувреме, надлежните апелираат граѓаните да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани здравствени установи.

Надлежните институции најавуваат целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност кај сите инволвирани.

…

Related Posts

Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали

23.06.2026

Јовица Илиевски ќе биде погребан утре во с. Челопек, опело во „Св. Богородица“ од 11 до 13 часот

23.06.2026

Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион

23.06.2026

Рекет во Тетово? – „Исплати 250.000 евра за една недела или ќе има последици“

23.06.2026

Акција на мобилната единица на полицијата – Има уапсени

23.06.2026

Крвав напад во Скопје: Малолетник избодел 31-годишен скопјанец

22.06.2026

Препорачани Вести

По пресуда од СЧП во Стразбур: Панчевски ќе поднесе барање за разрешување на Ристоска

4 месеци ago

Дали сте омилена мета на комарците? Науката го има одговорот

14 часа ago

Популарни Вести

  • Драма и колапс на Евзони вечерва – голем број туристи заробени во мрак, автомобилите се пренасочуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сте омилена мета на комарците? Науката го има одговорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Халанд постигна два гола, па ги шокираше сите: „Не ме интересираат, и онака ќе нè победат…“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница: 14,5 милиони денари за спортските клубови, здруженијата и фондациите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.