сабота, јуни 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Градскиот воз стартува на 1 септември: Скопје добива нов транспортен систем по европски модел

by Уредник
26.04.2026
in Македонија

Скопје на 1 септември ќе ја добие првата линија од Градскиот воз – проект кој се најавува како клучен чекор кон модернизација на јавниот превоз и намалување на загадувањето, соопшти вицепремиерот

Александар Николоски.
Според најавите, првата линија ќе ги поврзува Зелениково, Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и новата железничка станица во Скопје. Работите се во напредна фаза, а се очекува трасата да биде завршена до крајот на јуни, по што линијата ќе биде ставена во функција од почетокот на септември.


Николоски истакна дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти во транспортот, кој иако не е голем по обем, ќе има сериозно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.


„Овој проект ќе помогне во намалување на загадувањето, ќе го промени начинот на живот во приградските населби и ќе поттикне користење на јавниот превоз наместо автомобили. Тоа е модел кој веќе функционира во најголемите европски градови“, нагласи тој.


Покрај градскиот воз, Владата работи и на модернизација на железничкиот сектор. МЖ Транспорт веќе потпишал договор со компанијата ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, а паралелно се водат разговори со Светската банка за обезбедување нови патнички возови.


Во наредниот период се планира и проширување на мрежата со уште две линии. Едната ќе се движи од новата железничка станица преку Бутел и Скопје Север до Ѓорче Петров, а другата од истата станица преку Автокоманда и Маџари до Илинден. Проектирањето се реализира во соработка со Градежниот факултет, а тендерите се очекуваат во втората половина од годинава.


Според најавите, овие линии би требало да бидат завршени до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.
Како дел од поширокиот пакет мерки за подобрување на јавниот превоз, најавено е дека Скопје веќе оваа есен ќе добие и 100 електрични автобуси, што дополнително ќе придонесе за намалување на загадувањето.


Проектот за Градски воз се гледа како долгорочно решение за транспортните проблеми во главниот град, со цел Скопје да се приближи до европските стандарди за ефикасен, одржлив и модерен јавен превоз.

Related Posts

Викендот почнува со сонце: Еве какво време нè очекува утре

13.06.2026

Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита

12.06.2026

Мицкоски од Истанбул: Македонија нуди стабилна и конкурентна средина за нови турски инвестиции

12.06.2026

Николоски: Македонија и Турција ја зајакнуваат економската соработка

12.06.2026
УЈП започна со исплата на ДДВ повратот за првото тримесечје од 2026 година

УЈП со инфомации за апликацијата МојДДВ

12.06.2026
Воената индустрија во Германија во пораст: Се трансформираат фабриките за производство на оружје

Нови ограничувања и дополнителни котроли во Предлогот – закон за оружје

12.06.2026

Препорачани Вести

Шише со вознемирувачка порака пронајдено на плажа во Ирска: Полицијата започна проверка

Шише со вознемирувачка порака пронајдено на плажа во Ирска: Полицијата започна проверка

1 месец ago

МБИ10 со раст од 0,67%, без активности на обврзничкиот пазар

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Хороскоп за 13 јуни: Важни вести за Биковите, љубовни одлуки за Стрелците и нови можности за Рибите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викендот почнува со сонце: Еве какво време нè очекува утре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: „Војдан Чернодрински“ е еден од најсветлите културни фестивали на Прилеп и Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борче Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воздушна тревога во Украина: Предупредување за можен руски ракетен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.