На 27 април 2026 година, околу 10:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.З. (59) од село Мала Речица, тетовско.
Како што соопшти полицијата, приведувањето е извршено по претходна пријава од Општина Тетово дека лицето го попречувало влезот во парцела наменета за општински работни активности.
Според пријавата, Н.З. поставил катанец на влезната врата од објектот, со што бил оневозможен пристапот до локацијата.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
…












