Од денеска, 5 мај 2026 година, стапува во сила летното работно време на зонските паркиралишта со кои управува ЈП „Градски Паркинг Тетово“.
Според објавеното известување, паркиралиштата ќе работат по следниот распоред:
Од понеделник до петок, работното време ќе биде од 07:00 до 23:00 часот, додека во сабота паркирањето ќе се наплаќа од 07:00 до 14:00 часот.
Од претпријатието апелираат до граѓаните да го почитуваат новиот режим на работа и навремено да ги подмируваат обврските за користење на паркинг услугите.












