Connect with us

Инфо +

Тито имал време и желба, Пендаровски и Заев немале (Фото)

На денешен ден пред 41 година почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија маршалот Јосип Броз Тито Роден е на  мај 1892 во Кумровец.

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени, за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други, диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг