четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВЛЕН: Обединувањето носи нова епоха на еднаквост и политичка стабилност

by Redakcija
11.05.2026
in Македонија

„ВЛЕН изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВЛЕН не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила“, велат од ВЛЕН.

„Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери. Тоа е уште еден показател за внатрешната криза во овој блок.

Од една страна е ВЛЕН, со јасна визија за реформи и развој; од друга страна е ДУИ, нереформирана и оптоварена со скандали. Оваа спротивставеност меѓу новото и старото ќе го одреди правецот на политичкото претставување на Албанците.

Централната точка на ВЛЕН е Албанецот во Северна Македонија: достоинствен, еднаков и институционално силен. Нашата заложба е за реална застапеност во сите институции и еднаквост што ќе се чувствува во пракса, а не само на хартија.

ВЛЕН ќе обезбеди правата на Албанците да не бидат симболични или предмет на дневно-политички пазарења. Државата ќе преземе мерки за целосна примена на јазикот, правичната застапеност и еднаков пристап во секоја институција, со што ќе се гарантира праведен и функционален систем за сите“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.

…

Related Posts

ДЗР утврди неправилности во исплатите во СЈО: Платите и надоместоците не биле според закон

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

17.09.2026

Шест години незаконски внесувала категории во возачки – со судска одлука повторно се вратила на работа

17.09.2026

Меџити за пресудата од Хаг: Историјата на народот не може да се оцрни со неправедни одлуки

16.09.2026

САД го менуваат пристапот кон Балканот: Македонија добива важна улога во енергетиката

16.09.2026

Препорачани Вести

Хаос пред локал: четворица млади лица нападнале обезбедување

8 месеци ago

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 72,80 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млад скопјанец загинал од струен удар додека го перел автомобилот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на ладното бело светло: Овој тренд со светилки го прави домот потопол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се остварува ли предвидувањето на Нострадамус старо 500 години? Денес го поврзуваат со вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.