понеделник, мај 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Повеќе должници и поголем долг: УЈП објави нова листа со 5.018 субјекти со долг од 197 милиони евра

by Simovski
11.05.2026
in Економија

Долгот на фирми и граѓани кон Управата за јавни приходи повторно се зголемува, покажуваат најновите податоци од институцијата. Според ажурираната листа, вкупно 5.018 субјекти не ги подмириле своите обврски по основ на даноци, царини и акцизи заклучно со 31 јануари 2026 година, а рокот за плаќање бил до крајот на април.

Вкупниот нето-долг достигнува околу 197 милиони евра, односно 12.127.971.312 денари, што претставува пораст од 141,3 милиони денари во однос на претходната објава. Најголемиот дел од обврските се однесуваат на даноци и придонеси, кои изнесуваат 11.938.936.253 денари и бележат раст од над 131 милион денари. Дополнително, долгот по основ на царински давачки се искачува на 189.035.059 денари, што е зголемување од околу 10,3 милиони денари.

Во структурата на должниците, 1.954 се правни лица, што претставува мало зголемување, додека бројот на физички лица се намалил на 3.064. Најголем дел од листата се повторуваат должници од претходната објава – вкупно 4.811 субјекти.

Кај нив се забележуваат различни движења: над 3.000 должници го зголемиле својот долг за дополнителни 177 милиони денари, додека 262 успеале да го намалат за околу 207 милиони денари. За 1.458 должници состојбата останала непроменета.

Дополнително, на листата се појавуваат и 207 нови должници со вкупен долг од околу 418 милиони денари.

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека во следната објава ќе бидат објавени и информации за мерките што се преземаат за наплата на долговите од наведените субјекти.

…

Related Posts

Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

11.05.2026

„Буквално ќе ме уништи“: Патувањето на работа стана целосно неисплатливо за Американците

11.05.2026
Колапс на најголемиот светски пазар за автомобили: Се урна продажбата на нови возила

Колапс на најголемиот светски пазар за автомобили: Се урна продажбата на нови возила

11.05.2026
Летниот распоред на летови поширок: 10 нови дестинации од Скопје и Охрид

1,2 милиони патници и над 8.000 летови: Рекорден раст на авио-движењето во Македонија, меѓу најбрзите во Европа

11.05.2026

Николоски: На автопатот Охрид-Кичево го реализираме најголемиот инженерски потфат во регионот

11.05.2026
Германија воведува ограничување на дневните зголемувања на цените на горивата

Во Америка експлодира цената на горивото – Министер на Трамп: Размислуваме за укинување на данокот

11.05.2026

Препорачани Вести

Белград се соочува со серија криминални инциденти: Изолирани случаи или повторување на мрачните деведесетти?

Белград се соочува со серија криминални инциденти: Изолирани случаи или повторување на мрачните деведесетти?

3 месеци ago

Од полноќ нови поскапи цени на дизелот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Почнува Самитот на Македонија2025: Вечерва свечен прием кај претседателката, утре стартува главната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: „Денови на Крали Марко“ ја чуваат традицијата и го слават културното наследство на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КИЦ го отвори јавниот повик за БИТ ФЕСТ 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Горно Оризари добива современи спортски терени за младите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сообраќајна несреќа на клучката Мирковци: 42-годишен возач тешко повреден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.