четврток, септември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“- „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

by Redakcija
13.05.2026
in Магазин

Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. Проектот, кој повеќе од една деценија се реализира во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, преку Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, добива институционална потврда за значењето и улогата во создавањето на едукативни дела со високи културни вредности. Покрај тоа, преку оваа соработка, „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ придонесоа за градење на читачки навики кај младите, што е исклучително значајно во дигиталната ера.

Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“ низ годините изгради силна креативна платформа која обедини стотици автори и уметници околу една заедничка цел: создавање на уникатни креативни дела и поддршка на креативниот потенцијал во земјата.

„Нашиот мотив беше јасен, да ја поддржиме креативноста, да го доближиме народното творештво до децата, да оставиме трајна вредност што ќе живее и после нас, како што делата на Иво Лауренчиќ живеат и денес. Во негова чест и го покренавме овој проект, со цел да креираме уникатен бренд.  Среќни сме што „Бајки од Македонија“ добија и институционална потврда, со што на најдобар начин се оствари основната мисија на Движењето, а истовремено се потврди вредноста на изворното народно творештво, овој пат доживеана и презентирана преку современиот визир на младите креативни автори“, посочуваат од Движењето „Браво сине!“. 

Од „Арс Ламина“ истакнуваат дека ова е резултат на јасна уредувачка и издавачка визија насочена кон создавање квалитетна литература за најмладите.

„Нашата цел беше да создадеме дела што ќе бидат истовремено современи и вредни, но и доволно блиски за децата да ги препознаат како свои. Денес, со нивното вклучување во образованието, таа цел добива своја најсилна потврда,“ велат од издавачката куќа.

Едицијата „Бајки од Македонија“ започна како конкурс за млади дизајнери и илустратори. Преку отворен повик „Браво сине!“ ги повика младите креативци да дадат свој визуелен и авторски придонес во оживувањето на традиционалните приказни, адаптирани на современ јазик, со цел македонското народно творештво да се приближи до најмладите и истовремено да ги афирмира националните вредности во современ контекст, истовремено од тоа да се создаде препознатлив уникатен бренд. Со одлуката „Бајките од Македонија“ да станат дел од  образовниот процес, оваа едиција, од креативна иницијатива прераснува во редок пример кога една идеја започната како конкурс за млади таленти успева да стане национална вредност.

Во рамките на досегашната соработка помеѓу Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ издадени се 80 бајки и четирибасни од Македонија. На досегашните јавни конкурси за креирање на овие дела се пријавиле над 100 илустратори и повеќе од 300 автори кои доставиле повеќе од 440 текста. Дел од изданијата на бајките и басните од Македонија се преведени на седум светски јазици, како и на Брајовата азбука, а добитници се бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Движењето за поддршка на креативноста – „Браво сине!“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг-индустрија – Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше несебична поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.

…

Related Posts

Со просечна плата пропатувала половина свет: Марија не плаќа сместување, а открива како го прави тоа

02.09.2026

По 10 години истражување археолозите веруваат дека го пронашле библискиот град Витсаида: Местото каде што Исус правел чуда?

02.09.2026

Иако се здрави, смоквите не се за секого: Еве кој треба да внимава со ова овошје

02.09.2026

“Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

02.09.2026

Дневен хороскоп за 2 септември: Големи пресврти за некои знаци, љубовни изненадувања за други

02.09.2026

Кинезите развиваат автомобил за само две години: Во ова се крие нивната голема предност, но и ризикот

01.09.2026

Препорачани Вести

ММФ предупредува – Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

6 месеци ago

Петмина приведени во Скопје – МВР со детали

6 месеци ago

Популарни Вести

  • 3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ПРИЛЕП: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачката интелигенција брише работни места – Ова се 12-те професии кои исчезнуваат до 2035

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА: Запленети над 200 килограми дрога во стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • IN MEMORIAM: Почина Јован Донев, еден од најголемите македонски интелектуалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.