среда, јули 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Советниците во Битола обединети за децата со посебни потреби и нов парк на пријателството

by Redakcija
13.05.2026
in Република

Советот на Општина Битола на вчерашната седница усвои две иницијативи предложени од опозициски советници, а поддржани од мнозинството, во редок пример на политичко обединување околу прашања од интерес за граѓаните.

Со 27 гласа „за“, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ, ПОИНАКУ, ЛДП, ЗНАМ, ГРИН и ДУИ ги прифатија иницијативите за подобрување на условите за децата со посебни потреби и за изградба на „Македонско-американски парк“ кај „Авионите“ во Битола. Против гласаа двајцата советници од Левица.

Првата иницијатива ја предложи советникот од ЛДП, Димитар Кузмановски, а се однесува на обезбедување подобра поддршка за децата со посебни потреби и нивните семејства. Предлогот предвидува ваучери за дефектолошки, логопедски и психолошки третмани, еднократна финансиска помош, бесплатен паркинг и автобуски превоз за родители на деца со аутизам, како и подготовка на локална програма со финансиска рамка за поддршка.

„Еден час кај логопед или дефектолог денес чини околу 1.000 денари и тоа станува голем товар за семејствата. Потребно е системско решение, а не ад хок помош“, рече Кузмановски, додавајќи дека иницијативата ќе се разработува заедно со советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марина Крстиќ.

Втората иницијатива ја предложи советничката од СДСМ, Софија Ристевска-Петрушевска, по идеја на младиот Јане Велкоски. Таа предвидува изработка на проект за „Македонско-американски парк на пријателството“ кај „Авионите“ во Битола.

Според предлогот, просторот треба да биде уреден со македонско и американско знаме, хортикултурно уредување, урбана опрема, осветлување и симболично обележје посветено на македонско-американското пријателство.

„Овој парк ќе биде нов туристички и рекреативен простор и ќе испрати позитивна порака за меѓународна соработка и пријателство“, изјави Ристевска-Петрушевска.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, оцени дека усвојувањето на иницијативите покажува дека добрите идеи немаат политичка боја.

„Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите квалитетни предлози кои носат подобар живот за битолчани“, порача Бојкоски.

На седницата беа усвоени и извештаи од општинските програми со реализација над 75 проценти.

Related Posts

Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

15.07.2026

Добра вест за патниците: Повторно функционира железничката линија Скопје – Битола

15.07.2026

Почнува изградбата на новата Саат-кула во Тетово

15.07.2026

Без струја утре делови од Тетово и повеќе тетовски села

14.07.2026

Проданоски: Вечна слава на хероите од Ножот, нивната жртва е симбол на непокорот и достоинството

14.07.2026

Општина Прилеп: Голем екран и одлична атмосфера за полуфиналето Франција – Шпанија

14.07.2026

Препорачани Вести

Божиновска: Потпишан Меморандум со УНДП за забрзување на енергетската транзиција

6 месеци ago

Фатална сообраќајна несреќа на Плетвар, возачот загинал на лице место

3 недели ago

Популарни Вести

  • Осуденици седум дена ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднаа осомничените за убиството на лекарот во Автокоманда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Центар: Улицата „Даме Груев“ добива ново партерно и хортикултурно уредување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пораст: МБИ10 порасна за 0,57 отсто, најтргувани акциите на ВФП Пензиско друштво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Почна реализацијата на проектот вреден 6,2 милиони евра за регулирање на Сува Река во Сарај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.