четврток, јули 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Тоневски: Паралелни реконструкции во Пробиштип – патишта во селата и обновување на градските улици“

by Redakcija
14.05.2026
in Република

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, во вчерашното гостување на ТВ Стар информираше за тековни инфраструктурни зафати во општината, опфаќајќи и урбани и рурални проекти.

Во делот на руралната инфраструктура, во тек е целосна реконструкција на патниот правец помеѓу селата Долни и Горни Стубол, кој со години претставувал сериозен проблем за локалното население.

„Се работи на целосна реконструкција на тој патен правец којшто беше речиси и непрооден за лесни возила“, изјави Тоневски.

Паралелно, како што посочи, во завршна фаза е и патниот правец кон селото Кундино, со што се подобрува поврзаноста и условите за движење во руралните средини.

Истовремено, општината реализира зафати и во централното градско подрачје. Започната е реконструкцијата на улицата „Ленинов плоштад“, една од најстарите улици во Пробиштип, каде се задржува нејзиниот препознатлив изглед.

„Се работи за една од најстарите улици во Пробиштип којашто е единствена со базалтни коцки и ние се потрудивме да останат тие базалтни коцки“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека реконструкцијата е насочена кон техничко подобрување, без нарушување на автентичноста.

„Се работи само на нивно прередување“, посочи Тоневски.

Проектот опфаќа и уредување на тротоарите, ново улично осветлување и подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност и функционалност во центарот на градот. Со овие активности, Општина Пробиштип паралелно работи на модернизација на урбаниот простор и подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, со фокус на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

…

Related Posts

Општина Пробиштип: Нови субвенции за инвертер клими, сончеви колектори и велосипеди за домаќинствата

16.07.2026

Голем дел од Тетово утре ќе биде без струја

16.07.2026

Проданоски: Прилеп е подготвен за Пиво Фест 2026, ве очекуваме од 17 до 19 јули

16.07.2026

ВИДЕО – Проданоски: За девет месеци обезбедивме инвестиции од 990 милиони денари, следуваат нови капитални проекти во Прилеп

15.07.2026

Утре повеќе населени места во Тетовско ќе останат без струја

15.07.2026

Општина Прилеп бара максимална внимателност: Еден невнимателен чекор може да предизвика голем пожар

15.07.2026

Препорачани Вести

Инфлуенсерите во ДУБАИ ќе одат во затвор – Ако го прекршат ова правило

4 месеци ago

Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Андоновски: Почнува изградбата на Национален дата центар – темел на дигиталната Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Портрет: „Успехот зависи од тоа колку сме подготвени постојано да учиме“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две скопски населби ќе бидат без струја на 17.07.2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Пробиштип: Нови субвенции за инвертер клими, сончеви колектори и велосипеди за домаќинствата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем дел од Тетово утре ќе биде без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.