среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

САД и Израел подготвуваат нова копнена инвазија? „Њујорк Тајмс“ открива таен план за Иран

by admin
16.05.2026
in Свет

Тензиите меѓу САД и Иран повторно драматично растат, откако „Њујорк Тајмс“ објави дека Пентагон подготвува нова фаза на воени операции, а американските специјални сили веќе се ставени во состојба на готовност за можни акции на иранска територија.


Според весникот, американскиот претседател Доналд Трамп по враќањето од Кина се соочува со клучна одлука – дали повторно да ги активира воените напади против Иран, откако мировните разговори и обидите за компромис засега не даваат резултати.
Извори блиски до администрацијата тврдат дека најтесниот круг советници на Трамп веќе подготвил сценарија за продолжување на операцијата која претходно била стопирана по прогласувањето прекин на огнот. Планот, познат како „Епски бес“, би можел повторно да биде активиран во наредните денови, но под друго име.


Трамп јавно порача дека најновиот мировен предлог од Техеран е „целосно неприфатлив“.
„Го погледнав и ако не ми се допадне првата реченица, веднаш ќе го фрлам во ѓубре“, изјавил американскиот претседател во авионот „Ер Форс Уан“ по заминувањето од Пекинг.
Тој потврди дека разговарал за Иран и со кинескиот претседател Си Џинпинг, но не откри детали од разговорите. Кина важи за еден од најважните партнери на Иран и е силно зависна од нафтата и гасот што минуваат низ Ормутскиот теснец.


Во меѓувреме, Пентагон веќе подготвува можност за сериозна ескалација на конфликтот. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет пред Конгресот изјави дека САД имаат „целосно подготвен план“ доколку ситуацијата излезе од контрола.
Според американски и блискоисточни извори, САД и Израел веќе прават интензивни подготовки за евентуално продолжување на нападите врз Иран уште следната недела.


Една од опциите што се разгледуваат е масовно бомбардирање на ирански воени и инфраструктурни цели, но во игра е и далеку поризична операција – испраќање специјални сили директно во нуклеарни постројки длабоко под земја.
Извори за „Њујорк Тајмс“ откриваат дека неколку стотици американски специјалци биле распоредени на Блискиот Исток уште во март токму за вакво сценарио. Целта би била преземање или уништување на високо збогатен ураниум во нуклеарниот комплекс Исфахан.


Но, ваквата операција би барала и илјадници дополнителни војници за обезбедување на теренот и би можела директно да доведе до копнен судир со иранската армија.
Американските воени претставници признаваат дека ризикот од големи жртви во такво сценарио е исклучително висок.


Од Техеран веќе пристигнаа закани дека Иран е подготвен за нова војна. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, порача дека иранските вооружени сили се подготвени да одговорат на секоја агресија.
„Подготвени сме за сите опции. Ќе бидат изненадени“, напиша тој на социјалните мрежи.
Во исто време, Трамп продолжува со острите пораки кон Техеран.
„Или ќе склучат договор или ќе бидат избришани од лицето на земјата“, изјави американскиот претседател пред заминувањето за Кина.


Светските аналитичари предупредуваат дека евентуална нова ескалација меѓу САД и Иран би можела да предизвика сериозна дестабилизација на Блискиот Исток, особено поради важноста на Ормутскиот теснец низ кој поминува значителен дел од светската трговија со нафта и гас.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мерц: Русија не сака само да ја порази Украина, туку и да го дестабилизира европскиот поредок

20.10.2026

Зеленски бара итна помош – САД не ги одобруваат испораките на „Патриот“ од сојузниците за Украина

20.10.2026

„Не сме Мексико!“: Трамп бара Ново Мексико да стане Нова Америка

19.10.2026

Се менува користењето на банкоматите во Германија: Што предвидуваат правилата и кого опфаќаат?

19.10.2026

ВИДЕО – Што изнесуваат полицајците од „Лакоста“? Снимка од Франција предизвика реакции

19.10.2026

Трамп го нападна Зеленски: Не сака крај на војната, изгуби голем дел од земјата

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Голем собир на 850 делегати: ВЛЕН се трансформира во единствен субјект

6 месеци ago

Во недела е Свети Пантелејмон: Светецот кој се смета за заштитник на болните и патниците

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со љубов кон македонскиот јазик: Заедничко учење и дружење во Австралија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Сејф сити“ пристигнува во источна Македонија: Се поставуваат камери за регистрирање сообраќајни прекршоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бик, Лав и Јарец: Денес парите доаѓаат со интересно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анкета во Бугарија: Јотова–Влчев водат со 47,3%, излезноста останува клучна за претседателската трка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.