четврток, мај 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

by Redakcija
21.05.2026
in Економија

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура.

Во фокусот на Firestarter 2026 беше трансформацијата од корисничко искуство (customer experience) и искуство на вработените (employee experience) кон поширокиот концепт управување со искуства (experience management), пристап кој ги поврзува клиентите, вработените, културата и лидерството во единствена стратегија за одржлив раст. Како што беше истакнато на конференцијата, компаниите денес не се разликуваат само по тоа што го нудат, туку по тоа како прават клиентите и вработените да се чувствуваат.

Настанот обедини меѓународни експерти, регионални лидери и професионалци од менаџмент, продажба, маркетинг, човечки ресурси и грижа за корисници, со заедничка порака: корисничкото искуство повеќе не може да се третира како изолирана функција или последен чекор во продажниот процес. Тоа е стратешки избор што започнува од организациската култура, лидерството и начинот на кој компаниите ги третираат своите луѓе.

Конференцијата ја отвори Христина Велковска, претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени и извршен директор на Вита Институт, со порака дека иднината им припаѓа на организациите кои го ставаат човекот во центарот на своето работење. „Firestarter не е само конференција, туку платформа што поттикнува промена. Нашата цел е да покажеме дека грижата за луѓето, клиентите, вработените и заедницата, не е попатна тема, туку суштинска бизнис стратегија. Кога луѓето се чувствуваат вреднувани, тие создаваат вредност. А кога организациите градат доверба, човечка поврзаност и смисла, тогаш создаваат искуства што се паметат“, истакна Велковска.

Еден од централните говорници беше Иан Голдинг, светски познат сертифициран експерт за корисничко искуство, кој зборуваше за еволуцијата од корисничко искуство и искуство на вработените кон управување со искуства. Неговата порака беше дека организациите мора јасно да ја разликуваат испораката на искуство од управувањето со искуството: првото се случува во реално време, а второто бара континуирано мерење, следење и подобрување. Посебен акцент беше ставен на емпатијата како предуслов за раст, не само да се разбере клиентот, туку да се „живее“ неговото искуство и да се дизајнираат решенија од таа перспектива.

Регионалната перспектива ја донесе и Мојца Домитер, потпретседателка за човечки ресурси и култура во Атлантик Групација, која зборуваше за тоа како стратегијата за луѓе се претвора во секојдневно искуство на вработените. Преку примерот на Атлантик Групација, таа ја нагласи важноста на лидерството насочено кон човекот и лидерство засновано на автентичност, емпатија и адаптибилност како основа за лојалност, организациска отпорност и долгорочен бизнис успех.

Клучните пораки од Firestarter 2026 беа дека искуството е конкурентска предност, дека вработените и клиентите не можат да се гледаат одвоено, и дека организациите кои градат доверба, припадност и смисла се оние што ќе бидат најподготвени за иднината.

Во рамки на програмата се одржаа и панел-дискусии со претставници од коморите и бизнис заедниците како и извршни директори на водечки компании.

Firestarter 2026 уште еднаш потврди дека темите како култура, лидерство, емпатија, добросостојба и корисничко искуство веќе не се споредни разговори во бизнисот. Тие се дел од стратешките одлуки кои директно влијаат врз растот, задржувањето на таленти, лојалноста на клиентите и репутацијата на компаниите.

Зад организацијата на Firestarter 2026 стои Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (Macedonian Association for Customer and Employee Experience – MACEX), во партнерство со Вита Институт и поддршка од Елемент ПР, кои заеднички ја градат конференцијата како регионална платформа за размена на знаење, инспирација и практики за новата бизнис култура.

…

Related Posts

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

21.05.2026
Народна Банка: Инфлацијата забавува, економијата умерено забрзува, девизните резерви сигурни

Народна банка: Намалени краткорочните депозити, но кредитирањето продолжува да расте

21.05.2026

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност

21.05.2026

Николоски: Нови визни олеснувања за македонските возачи преку Романија и Австрија

21.05.2026

Димитриеска-Кочоска: Новите задолжувања се за сервисирање на старите долгови

21.05.2026

По 3.000 денари месечно за младите до 23 години: Нова мерка на државата

21.05.2026

Препорачани Вести

Вкупен промет од 28.155.774 денари, со доминација на банкарските акции и Македонски Телеком

2 недели ago

Германија алармира: Милиони евра од социјална помош завршуваат кај измамнички мрежи

5 дена ago

Популарни Вести

  • Важно известување за патниците на скопскиот аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пешак прегазен кај Жена Парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: „Партијата на милионерите нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Водовод“ Битола: Прекин во водоснабдувањето за Оптичари и Меџитлија поради санација на дефект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.