понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

КРАЈ ЗА БАНКНОТАТА ОД 500 ЕВРА – Еве дали сè уште можете да ја користите

by Redakcija
21.05.2026
in Економија

Европската централна банка влегува во завршната фаза од редизајнот на евро банкнотите, процес што започна кон крајот на 2021 година и кој ќе донесе значајни промени во изгледот и структурата на апоените.

Една од најголемите новини е постепеното повлекување на банкнотата од 500 евра, која повеќе нема да се печати во новата серија. Одлуката, според ЕЦБ, е донесена со цел да се намали ризикот од перење пари и полесно следење на финансиските текови.

Сепак, граѓаните немаат причина за загриженост – постојните банкноти од 500 евра ќе продолжат да важат како законско средство за плаќање и ќе можат да се користат без временско ограничување.

Во рамки на проектот, ЕЦБ минатата година распиша конкурс за европски графички дизајнери, кои до крајот на месецов треба да ги достават своите финални предлози за новиот изглед на банкнотите. Потоа, решенијата ќе бидат разгледани од стручно жири и од Управниот совет на ЕЦБ.

Редизајнот ќе се темели на две главни теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“. Целта е банкнотите да останат сигурно и ефикасно средство за плаќање, но и да станат поеколошки и подостапни за сите корисници.

Од ЕЦБ посочуваат дека новите материјали и производствени процеси треба да го намалат влијанието врз животната средина, а истовремено да придонесат за поголема инклузивност.

Воведувањето на новата серија евро банкноти се очекува по финализирањето на изборот на дизајнот и техничките решенија, што претставува една од најголемите промени во еврозоната во последните дваесет години.

…

Related Posts

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена

21.09.2026

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Прилеп се насочува кон развоен буџет и поголеми капитални инвестиции

7 месеци ago
Експлозивна направа пред резиденцијата на градоначалникот на Њујорк: Две лица уапсени

Експлозивна направа пред резиденцијата на градоначалникот на Њујорк: Две лица уапсени

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски во Штавица и Тројаци по повод празникот Мала Богородица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Расправија прераснала во тепачка на скопскиот аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските фудбалери се собраа во Скопје, започнуваат подготовките за Лигата на нации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонскиот талент Ник Дејкос го освои Браунлоу медалот за најдобар играч во Австралија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.