четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Спектакл во Атина: Два европски гиганти во војна за титулата во Евролигата

by admin
24.05.2026
in Спорт

Олимпијакос и Реал Мадрид вечерва ќе се судрат во големото финале на Евролигата, во натпревар кој ќе го одреди новиот шампион на Европа. Финалната пресметка од завршниот турнир „Фајнал фор 2026“ ќе се одигра во арената Т-Центар во Атина, а почетокот е закажан за 21 часот.


Грчкиот гигант Олимпијакос ќе се обиде да ја освои својата четврта титула во историјата на Евролигата, додека Реал Мадрид, најтрофејниот клуб во натпреварувањето, ќе атакува на својата 12-та европска круна.
Правдата на финалниот натпревар ќе ја делат судиите Сретен Радовиќ, Роберт Лотермозер и Олегс Латишевс.


Олимпијакос во големото финале влегува без кадровски проблеми. Тренерот Георгиос Барцокас ќе може да смета на целиот свој состав, што претставува голема предност за грчкиот тим во пресрет на најважниот натпревар сезонава. Од друга страна, Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми со повредите. Шпанскиот тим ќе биде ослабен и без Усман Гаруба, што дополнително ги намалува опциите во рекетот и создава дополнителен предизвик за тренерот Серџо Скариоло.


Статистиката од регуларниот дел од сезоната покажува дека двата тима имаат различен стил на игра, но и дека финалето би можело да биде решено од мали детали. Олимпијакос ја заврши сезоната на првото место со скор од 26 победи и 12 порази, покажувајќи голема стабилност и одлична форма во клучниот дел од сезоната.


Реал Мадрид, пак, заврши трет со учинок од 24 победи и 14 порази, потврдувајќи дека и понатаму останува еден од најопасните и најискусни тимови во Европа.
Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двата клуба сезонава. Во регуларниот дел од Евролигата, двата тима забележаа по една победа.
Олимпијакос славеше убедливо во Атина со 102:88, а блескаше Тајлер Дорси кој постигна дури 37 поени. Претходно, во второто коло од сезоната, Реал Мадрид победи на домашен терен со 89:77, а повторно најдобар стрелец беше Дорси.


Вечерва погледите на кошаркарска Европа ќе бидат насочени кон Атина, каде два европски гиганти ќе се борат за најпрестижниот трофеј на Стариот континент.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Од интернет-мем до раскинати договори: Мбапе предизвика реакции во Кина

27.10.2026
Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

Волкановски испиша историја во UFC: Го запре непоразениот Евлоев и го надмина Жозе Алдо

25.10.2026

Роналдо казнет со 255 евра – сума што ја заработува за неколку секунди

20.10.2026

Стадион со ролеркостер: Швајцарски клуб претстави проект вреден стотици милиони евра

14.10.2026

Меси во солзи го одигра последниот меч за Аргентина: Крај на една ера

07.10.2026

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ТРЧА МАРАТОН: Затворени улици од Рекорд до Хром и Аеродром, посебен сообраќаен режим до 14 часот

04.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кавга околу малолетната ќерка прераснала во физичка пресметка меѓу сопружници во Скопје

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од 25-годишна жена пред кафеана во Илинден

3 недели ago

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

7 дена ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.