вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска во работна посета на ЦЕФ во Словенија – продлабочување на соработката и подготовка за седницата на Управниот одбор во Скопје

by Redakcija
28.05.2026
in Економија

27 мај 2026 година, Љубљана – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансии во Љубљана, Словенија, во рамки на активностите поврзани со унапредување на соработката меѓу Министерството за финансии и оваа регионална организација.
Во рамки на посетата, министерката оствари средба со директорката на ЦЕФ, Јана Рапншек, и со тимот на организацијата, на која се разговараше за тековната соработка, заедничките приоритети во управувањето со јавните финансии и реформските процеси, како и за потребите од понатамошно зајакнување на институционалните капацитети.
Министерката се сретна и со Матеја Враничар Ерман, претседателка на Советодавниот одбор на ЦЕФ, при што беа разменети мислења за улогата на ЦЕФ во поддршката на регионалната соработка, размената на знаења и професионалниот развој на јавната администрација.
Република Македонија и Министерството за финансии имаат долгогодишна успешна соработка со ЦЕФ, преку чии програми континуирано се зајакнуваат капацитетите на вработените во Министерството за финансии и во другите институции.
Министерката Димитриеска-Кочоска оваа година претседава со Управниот одбор на ЦЕФ. Во таа насока, во Скопје на 22 јуни ќе се одржи седница на Управниот одбор на ЦЕФ, а посетата во Словенија е дел од подготовките за организација на претстојната седница.
Во рамки на посетата, министерката ќе се обрати и пред учесниците на меѓународна обука организирана од ЦЕФ, посветена на унапредување на капацитетите на вработените во јавниот сектор.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Поскапуваат бензините – Нови цени од полноќ

02.11.2026

Од 9 ноември се менува начинот на плаќање: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

02.11.2026

Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија

02.11.2026

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

02.11.2026

Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

02.11.2026

Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

02.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Експресна пресуда за тројца во случајот со фалсификуваните возачки дозволи

1 месец ago

Трагедија на Халкидики: Македонка пронајдена без знаци на живот во морето

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Полска покрена безбедносна операција по предупредување за можни диверзии на границата со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мекдоналдс“ се соочува со тужба поради популарниот сендвич: „Тоа воопшто не е тој дел од месото“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србин заминал на Малдиви, па таму доживеал пекол: „Луѓе, ова е депонија, а погледнете колку чини“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе улици во Скопје и цело Мралино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја повеќе делови од Тетово и околните села: Прекини до пет часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.