сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за МТВ : Интерконекторите со Грција и Србија ќе ја позиционираат Македонија како регионален енергетски коридор

by Redakcija
03.06.2026
in Економија

Изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија се одвива според планираната динамика, а Македонија во следните години има потенцијал да стане важна транзитна точка за снабдување со природен гас во регионот, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за МТВ.

Таа потсети дека по преземањето на функцијата затекнала поништен тендер за интерконекторот со Грција, по што Владата повторно ги отворила разговорите со финансиските институции и спровела нова тендерска постапка.

„Добивме понуда која е за 12 милиони евра пониска од претходната, што значи дека тие средства ќе можат да се пренаменат за реализација на други енергетски проекти. Тендерот го доби македонска компанија, а рокот за завршување на интерконекторот е вториот квартал од 2027 година“, изјави Божиновска.

Според неа, интерконекторот е со должина од 67 километри, при што околу 90 проценти од експропријацијата на земјиштето е веќе завршена. Досега се поставени и околу 25 проценти од цевките, а 10 проценти се веќе заварени.

„Станува збор за современа инфраструктура која е подготвена и за транспорт на водород. Тоа значи дека уште денес се подготвуваме за енергетските потреби на иднината“, нагласи министерката.

Божиновска истакна дека интерконекторот со Грција има стратешко значење бидејќи Македонија во моментов располага со само една гасна врска, преку Бугарија, чии капацитети се долгорочно резервирани.

„Европа активно бара алтернативи на руските енергетски извори и токму затоа овој интерконектор добива дополнителна важност. Тој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас и за Централна Европа и ќе ја зголеми енергетската улога на државата во регионот“, рече таа.

Паралелно, се работи и на интерконекторот со Србија. На македонска страна веќе е распишан тендер за изградба на 22 километри гасовод, додека српската страна ќе работи на својата делница.

„Со министерката за енергетика на Србија разговаравме за забрзување на активностите и очекуваме до крајот на 2027 година да биде воспоставено поврзувањето. Тоа значи дека веќе во 2028 година ќе може да започне користењето на новите капацитети“, изјави Божиновска.

Таа додаде дека интерконекторот со Грција ќе има капацитет до 2,8 милијарди кубни метри природен гас годишно, што не само што ќе ги задоволи домашните потреби, туку ќе отвори простор и за транзит кон соседните земји.

„Македонија ќе може да остварува приходи од транзит на природен гас, а истовремено ќе се позиционира како важен енергетски коридор за регионот и Централна Европа“, нагласи министерката.

Во однос на гасификацијата во земјата, Божиновска посочи дека НОМАГАС паралелно работи на изградба на внатрешната мрежа преку нови поврзувачки прстени. Во тек се тендери и континуирано се распишуваат нови со цел, покрај на Куманово и Струмица, во следниот период да се реализираат гасоводни проскти и во Скопје и Битола.

„Процесот е започнат и ќе се реализира етапно. Потребни се уште многу чекори да се реализираат до крајот на 2027 година. Треба да се формира и оператор на гас. Но, очекуваме до 2028 година да бидат создадени услови за поширока потрошувачка на природен гас и за почеток на транзитните активности“, изјави Божиновска.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Божиновска најави поддршка за ранливи домаќинства со инвертер клими

8 месеци ago

Хрватите не се откажуваат: Швајцарија падна, полуфиналето сè уште е можна опција

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Протест од 1950 година: Што пишувала „Борба“ за репресиите врз Македонците во Пиринска Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.