четврток, јуни 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Над 367 тони небезбедна храна се спречени да стигнат до потрошувачите

by Redakcija
04.06.2026
in Македонија
Велигденска инспекциска рација: Уништени над 40 тони јајца и стотици килограми небезбедна храна

Повеќе од 367 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло биле спречени да се најдат на македонскиот пазар во текот на 2024 и 2025 година, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната.

Миланов истакна дека безбедната храна е основно право на секој граѓанин и нагласи дека заштитата на здравјето на потрошувачите останува врвен приоритет на институцијата.

Според податоците што ги презентираше, АХВ во текот на минатата година спровела повеќе од 47.200 инспекциски надзори, при што биле изречени 6.770 инспекциски мерки за утврдени неправилности.

Тој посочи дека од формирањето на Агенцијата во 2011 година, институцијата континуирано работи на развој на модерен и ефикасен систем за контрола на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, во согласност со европските стандарди.

Во делот на инспекциските контроли, Миланов информираше дека во 2024 и 2025 година биле спречени да влезат во промет повеќе од 80 тони храна од неживотинско потекло и над 287 тони храна од животинско потекло. Дополнително, како небезбедни биле вратени 16 пратки со храна од животинско потекло на граничните премини, а три пратки биле уништени.

Во исто време, биле забранети девет пратки со храна од неживотинско потекло, додека 90 тони увозна храна од оваа категорија биле нештетно уништени.

Директорот на АХВ нагласи дека институцијата посветува особено внимание и на спречувањето измами со храна, како што се погрешно означување на производите, лажно декларирање на потеклото и неточно претставување на составот на храната.

Покрај безбедноста на храната, значаен дел од работата на АХВ е насочен и кон здравствената заштита на животните. Според Миланов, преку континуирано спроведување на националните програми за превенција, контрола и искоренување на заразни болести, успешно се одржува високо ниво на заштита на животните и јавното здравје.

…

Related Posts

Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

Ќе се регистрираат електричните тротинети?

04.06.2026

Божиновска: Дигиталните технологии се двигател на енергетската трансформација

04.06.2026

Приведени 11 лица во полициска акција, дрога пронајдена на повеќе локации

04.06.2026
Мицкоски: Законот важи за сите, институциите постапуваат во случајот со член на обезбедувањето

Мицкоски го потврди случајот со Богоев и најави нови акции

04.06.2026

Аларм за невреме: УХМР најавува грмежи, обилни врнежи и можен град

04.06.2026

Судот донесе одлука за Стефан Богоев и уште тројца осомничени

03.06.2026

Препорачани Вести

Жена жртва на изнуда во Тетово: маж се заканувал со објавување интимни фотографии

5 месеци ago

Температурен шок за Велигден – еве какво време нѐ очекува!

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Грција размислува за построги мерки или целосна забрана на електричните тротинети

    Ќе се регистрираат електричните тротинети?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Дигиталните технологии се двигател на енергетската трансформација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во недела изменет сообраќаен режим на булевар „Александар Македонски“ поради поставување нови семафори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 367 тони небезбедна храна се спречени да стигнат до потрошувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза речиси непроменета: МБИ10 на 9.724,54 поени, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.