вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

17 години зад командната палка без потребната дозвола: Пилот на обвинет за голема измама

by Redakcija
10.06.2026
in Магазин

Поранешен пилот на „Ер Канада“ се соочува со кривични обвиненија откако канадските власти утврдиле дека речиси 17 години управувал со патнички авиони без да ја поседува потребната лиценца за капетан на комерцијални летови.

Според информациите што ги пренесува CNN, Џефри Вол бил уапсен на 1 јуни, откако истрагата покажала дека во периодот од 2009 до 2025 година бил капетан на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови. Иако имал лиценца за комерцијален пилот, тој никогаш не ја добил потребната ATPL-A лиценца, ниту ги положил задолжителните испити што му овозможуваат да биде командант на големи патнички авиони.

Истражителите наведуваат дека Вол управувал со авиони од типот „Боинг“ 767, 777 и 787 и за време на неговата кариера заработил речиси три милиони канадски долари.

„Ова е слично на ситуација во која лекар има лиценца за општа медицина, но изведува сложени операции без соодветна специјализација. Постојат дополнителни правила и квалификации со причина“, изјавил заменик-началникот на регионалната полиција.

Случајот бил откриен во 2025 година, за време на рутинска проверка на документацијата, кога биле забележани неправилности во пилотските записи. Потоа „Ер Канада“ ги известила надлежните регулаторни органи, по што била покрената истрага.

Од авиокомпанијата соопштиле дека Вол редовно ја демонстрирал способноста за безбедно управување со големи патнички авиони, но нагласиле дека поседувањето на соодветна лиценца претставува клучен дел од безбедносниот систем во воздухопловството.

Необичниот случај потсети многумина на филмот „Фати ме ако можеш“, во кој главниот лик успешно се претставува како пилот и успева да ги измами институциите со години.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

АУДИ вложи милијарди евра во фабрика во Кина, а сега ја нарекуваат „фабрика на духови“ – загубите се огромни

24.11.2026

Николина Пишек: Сопругот ме тепаше, а полицаецот гледаше

24.11.2026

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

24.11.2026

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

24.11.2026

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Димитровски: Битола е љубов и за неа вреди да се даде сè

6 месеци ago

Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

6 дена ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.