понеделник, јули 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Финансиската полиција во акција: Откриени тешки злоупотреби во јавна набавка – државата загубила над 9 милиони евра

by Redakcija
11.06.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против странски државјанин, во својство на сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на постапка за јавен повик и јавна набавка, согласно член 275-в од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Управата, пријавениот С.Г.О.Б., во текот на реализација на договор за проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, свесно ги прекршил договорните обврски и пропишаните процедури.

Договорот бил склучен во 2023 година со Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување на договори, во рамки на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014–2020), финансирана од Европската комисија и Буџетот на Република Северна Македонија.

Според наводите, пријавениот бил должен да обезбеди важечка банкарска гаранција и да достави барање за одобрување на подизведувачи до надлежниот орган, но наместо тоа не ја открил информацијата дека банката „Muganbank“ од Азербејџан, која ја издала гаранцијата, отишла во стечај. Со тоа, гаранцијата станала неважечка, без да биде пријавена.

Дополнително, пријавениот ангажирал подизведувачи без претходно одобрение од Министерството за финансии и надзорните институции, со што постапил спротивно на договорните услови. Поради овие неправилности, договорот бил раскинат.

Од Финансиската полиција наведуваат дека со ваквите дејствија е предизвикана штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 127.425.036 денари, како и загуба на ИПА средства во вредност од 9.474.132 евра, кои државата ќе мора да ги обезбеди од сопствени извори.

Истрагата е доставена до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

…

Related Posts

ХОРОР ВО СКОПСКО СЕЛО: Со автомобил ја влечел сопствената мајка 20 метри

ХОРОР ВО СКОПСКО СЕЛО: Со автомобил ја влечел сопствената мајка 20 метри

26.07.2026
Трагедија во Скопје: Почина 16-годишно момче откако му се слошило и изгубило свест

Трагедија во Скопје: Почина 16-годишно момче откако му се слошило и изгубило свест

26.07.2026
(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НА ЕЛБРУС: Петмина планинари од БиХ загинаа, двајца се спасени – телата сè уште остануваат на планината

26.07.2026
ВИДЕО – НАПАД НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН: Еден загинат, 17 повредени – полицијата трага по 21-годишен маж кој со автомобил влета во толпата

ВИДЕО – НАПАД НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ВО БЕРЛИН: Еден загинат, 17 повредени – полицијата трага по 21-годишен маж кој со автомобил влета во толпата

26.07.2026

Вработен од Центарот за вработување во Прилеп – барал по 6.000 денари месечно за да не укине социјална помош – Се бара притвор

25.07.2026

Избувна пожар во Тетовско: Повредена жена пренесена во тетовскиот Ургентен центар

25.07.2026

Препорачани Вести

Дизелот во Европа над 200 долари по барел: највисок ценовен шок во последните 4 години

4 месеци ago

Стара Водејнца – место каде природата, традицијата и домашната кујна се среќаваат

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Тажна вест: Почина Гоце Тодоровски, легендата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрошени 7,1 милиони евра за водоводот во Гостивар – два резервоари не се изградени, третиот не профункционирал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп ги паузираше нападите врз Иран: Вашингтон остава простор за преговори, Техеран возврати со иста мерка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР од август ќе тестира возачи за дрога на пат: Нарачани првите 10.000 брзи тестови од Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украина ја погоди логистичката мрежа на рускиот гигант Wildberries: Низа напади врз магацините на „рускиот Amazon“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.