среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Доктор и медицинска сестра осомничени за криумчарење ботокс

by Redakcija
19.06.2026
in Црна Хроника

Screenshot

Царинската управа поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против доктор и медицинска сестра, осомничени за обид за криумчарење на 199 вијали ботокс преку поштенска пратка која била лажно декларирана како козметички примероци.

Според информациите од Царинската управа, вредноста на запленетите производи изнесува околу 615.000 денари, додека во документацијата пратката била пријавена како 10 козметички примероци со вкупна вредност од 80 американски долари.

Случајот бил откриен од царински службеници на Царинската испостава Скопје 1 при детална контрола на поштенска пратка наменета за увозно царинење. При проверката, наместо декларираните производи, биле пронајдени 199 вијали ботокс што се користат во естетската медицина.

По откривањето на случајот, Одделението за истраги при Царинската управа спровело предистражна постапка, а по наредба на јавен обвинител биле извршени претреси на три локации.

Според наодите од истрагата, првоосомничениот, вработен како доктор во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, ја нарачал пратката од компанија во Република Кореја и договорил производите во фактурата да бидат прикажани како козметички производи со значително пониска вредност.

Второосомничената, медицинска сестра во истиот клинички центар, според истрагата се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата била платена преку нејзината трансакциска сметка.

Против двајцата се поднесени кривични пријави за делата „криумчарење“ и „царинска измама“.

Од Царинската управа нагласуваат дека увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежните институции, додавајќи дека секој обид за незаконски увоз на вакви производи ќе биде санкциониран согласно законските прописи.

…

Related Posts

Голема полициска акција во повеќе градови: Се претресуваат околу 30 локации поради производство на дрога

30.09.2026

Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица

29.09.2026

Трагедија кај Струмица: Маж загина откако со „форд“ излетал од патот

29.09.2026
Без возачка, но зад волан: 25-годишник направи хаос во Тетовско, повредено и мало дете

Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово

29.09.2026

ВИДЕО – Пушки, снајпер, пиштоли и знаме на ИСИС пронајдени во Скопје: Тројца пријавени за тероризам

29.09.2026

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли упаднале кај воените магацини во Еребино

29.09.2026

Препорачани Вести

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 72,80 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

3 месеци ago

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,79 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Фон дер Лајен доаѓа во Македонија: Ќе има средби со Силјановска-Давкова и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема полициска акција во повеќе градови: Се претресуваат околу 30 локации поради производство на дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денеска се празнуваат Вера, Надеж и Љубов: Празник посветен на трите маченички и мајка им Софија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сити прогласен за виновен: Над една милијарда евра под лупа во најголемиот случај во Премиер лигата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Австрија отвора врати за работници од Балканот: Се бараат луѓе што зборуваат српски, хрватски или босански

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.