Силните земјотреси во Венецуела од 7,2 и 7,5 степени предизвикаа големи разурнувања во близина на Каракас и во крајбрежниот град Ла Гваира.
Според Американскиот геолошки институт (USGS), постои значителен ризик од голем број жртви, со проценки дека постои и до 30% веројатност за над 100.000 загинати, што ја класифицира катастрофата како една од најсериозните во последните години.
Во Ла Гваира се пријавени урнати згради и тешко оштетена инфраструктура, додека снимките од терен прикажуваат паника, разурнати улици и прекин на основни услуги.
Властите и спасувачките служби се на терен и работат на извлекување преживеани од рушевините.
🇻🇪 Imágenes que nos llegan tras el terremoto en Venezuela: pic.twitter.com/sTL3MjpTqT
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) June 25, 2026
..













