четврток, октомври 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Промени за евтината струја – Што ќе значи за сметките на граѓаните

by Redakcija
25.06.2026
in Економија, Топ Вести

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) подготвува анализа за можни измени на системот на евтини тарифи за електрична енергија, со цел граѓаните да плаќаат пониски сметки и подобро да се искористи производството од сончевите електрани.

Според претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, се разгледуваат повеќе опции, меѓу кои продолжување на евтината дневна тарифа, воведување евтина струја и во сабота, како и намалување или укинување на дел од постојната ноќна евтина тарифа.

Анализите покажуваат дека најголем потенцијал има во периодот од 11 до 15 часот, кога на регионалните пазари има вишок електрична енергија, а цените се најниски. Поради тоа, РКЕ размислува евтината тарифа да биде достапна токму во овие часови, со што домаќинствата би биле поттикнати поголем дел од потрошувачката да ја префрлат во текот на денот.

Истовремено, се преиспитува оправданоста на сегашната ноќна евтина тарифа. Според Ристов, цените на електричната енергија на берзите денес често се највисоки токму во вечерните часови кога кај нас важи пониската тарифа, што отвора прашања за економската оправданост на постојниот модел.

На маса е и предлогот евтината тарифа да важи и во сабота, покрај недела. Причината е што за време на викендите индустриската потрошувачка е значително помала, па на пазарот остануваат поголеми количини електрична енергија кои би можеле да им бидат достапни на домаќинствата по пониска цена.

Од РКЕ нагласуваат дека сè уште не е донесена конечна одлука и дека во тек се детални пресметки за да се утврди дали предложените измени ќе донесат реални заштеди за граѓаните.

Доколку резултатите од анализите бидат позитивни, новиот тарифен модел би можел да стапи во сила од 1 јануари 2027 година. Можно е дел од мерките да се применуваат сезонски, особено во периодите кога производството од сончевите електрани е најголемо.

Пред евентуалното воведување на новите правила, ќе се организира јавна расправа и консултации со сите засегнати страни.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Муцунски на средбата со Петрова-Чамова: Прашањата за идентитетот, историјата и културата не смеат да бидат пречка за ЕУ

08.10.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,25 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

08.10.2026

Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови

08.10.2026

Коњановски: Регионалното управување со отпадот бара заедничка цел и одговорност

08.10.2026

Пад на цените на деловните простори: Квадрат се продавал за околу 243 евра

08.10.2026

Тоневски: Пробиштип со одличен успех на Републичките спортски натпревари на пензионерите

08.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Започна исплатата на априлските пензии

5 месеци ago

Тоневски: Пробиштип дел од приоритетните проекти за развој на Источниот плански регион

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Избегнете скапи дефекти: Овој мал дел е клучен за моторот, а неговото занемарување може скапо да ве чини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Од Чаир до балканскиот врв, борачите на ШКУПИ освоија три медали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војници на границата со Русија: Литванија презема превентивни мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон се подготвува за нови удари врз Иран: Во план масовни напади врз енергетски и нуклеарни цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Ќе се модернизираат пругите кон Србија и Бугарија, се враќа и линијата кон Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.