понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ФОТО) Трагедија во Франција: Авион за падобранци се урна кај Нанси, загинаа сите 11 лица во него

by admin
28.06.2026
in Свет, Црна Хроника

Авион на школа за падобранство се урна во североисточна Франција, при што загинаа сите 11 лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти.


Несреќата се случила околу 11 часот во близина на градот Нанси, во регионот Мерт и Мозел. Според префектот Ив Сеги, авионот полетал од аеродромот Нанси-Есеј, но кратко по полетувањето дошло до технички дефект.

Во авионот биле пилотот и 10 патници – петмина ученици и петмина инструктори по падобранство. Сите загинале на местото на несреќата.

Префектот изјави дека леталото „паднало речиси вертикално“ веднаш по полетувањето и се урнало во близина на аеродромот.

„Авионот, кој превезуваше 11 лица, ненадејно падна веднаш до аеродромот. Нема други жртви“, изјави Сеги.

Според него, леталото се урнало на работ на населено подрачје во близина на аеродромот, а трагедијата можела да биде уште поголема доколку авионот паднел само неколку десетици метри подалеку.

„Ако несреќата се случеше неколку десетици метри подалеку, можеше да има и дополнителни жртви“, додаде тој.

Итните служби веднаш пристигнале на местото на несреќата, а надлежните органи започнале со собирање изјави од сведоци и утврдување на причините за падот.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез се упатил кон местото на трагедијата, соопштија од неговиот кабинет.

Истрагата треба да утврди што точно го предизвикало дефектот на леталото и зошто авионот се урнал толку брзо по полетувањето.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип

19.10.2026

Трамп го нападна Зеленски: Не сака крај на војната, изгуби голем дел од земјата

19.10.2026

Голема акција на полицијата – Што откри МВР во контролите на 66 објекти?

19.10.2026

ЕВРОПА ГОРИ: Се подготвува ли револуција? Младите масовно излегуваат на улиците на големите градови

19.10.2026

Напад со огнено оружје во Сарај: Маж повреден од оштетениот прозорец на автомобилот

18.10.2026

Крвав напад во Карпош: Двајца осомничени запрени на Блаце, третиот избегал на Косово

18.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Вработените добиваат повисоки плати, надоместоци за ноќна и сменска работа и јубилејни награди

7 месеци ago

(ФОТО) Од примерен наградуван наставник до вооружен напаѓач: Кој е човекот што отвори оган на настан со Трамп

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,13 отсто, најголем промет со акциите на Макпетрол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се заменува водоводна мрежа стара над 40 години на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Со идеите на битолчани заеднички создаваме буџет по мерка на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку ќе ве чини полн резервоар? Регулаторна објави нов ценовник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можно е дизелот да поевтини за уште два денари по литар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.