среда, ноември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Психолог ги откри најчестите трикови со кои продавниците ве тераат да потрошите повеќе пари, а притоа воопшто не сте свесни за тоа

by Redakcija
04.07.2026
in Магазин

Иако многумина мислат дека купуваат исклучиво според сопствените потреби, експертите предупредуваат дека супермаркетите користат внимателно осмислени психолошки стратегии за да ги задржат купувачите подолго во продавницата и да ги поттикнат да потрошат повеќе.

Психологот Елоиз Скинер открива пет од најчестите трикови што ги користат трговците за да влијаат врз одлуките на купувачите.

Една од најпознатите стратегии е основните производи, како лебот, млекото и јајцата, намерно да бидат поставени во задниот дел од продавницата. Така, купувачите мора да поминат низ речиси целиот маркет, при што се изложени на бројни акции и производи што можат да ги купат импулсивно.

Друг чест трик е честото менување на распоредот на производите. Кога артиклите што редовно ги купувате одеднаш се наоѓаат на друго место, принудени сте да ја обиколите продавницата, а притоа откривате и други производи што не сте планирале да ги купите.

Посебно внимание се посветува и на првиот впечаток при влезот. Свежото овошје, цвеќето, големите натписи за попусти и промотивните понуди создаваат чувство дека токму во тој момент вреди да се купува. Понудите од типот „купи два, третиот е бесплатен“ или временски ограничените акции дополнително го засилуваат впечатокот дека се штеди, иако во пракса често се троши повеќе.

Според Скинер, дури и музиката во маркетите не е случајно избрана. Наместо популарни хитови, најчесто се пушта тивка амбиентална музика која ги опушта купувачите и прави да поминуваат повеќе време во продавницата без да бидат свесни за тоа.

Последниот трик се однесува на количките за пазарење. Колку се поголеми, толку поголема е веројатноста купувачите да ги наполнат со повеќе производи, бидејќи празниот простор создава чувство дека не купиле доволно.

Експертите велат дека кога на сето ова ќе се додадат производите поставени во висина на очите, внимателно истакнатите цени и привлечните акции, станува јасно зошто е толку тешко да се остане само на списокот за пазарење. Според нив, голем дел од искуството при купување е внимателно дизајниран за да ги поттикне потрошувачите да купат повеќе отколку што првично планирале.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

АУДИ вложи милијарди евра во фабрика во Кина, а сега ја нарекуваат „фабрика на духови“ – загубите се огромни

24.11.2026

Николина Пишек: Сопругот ме тепаше, а полицаецот гледаше

24.11.2026

25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

24.11.2026

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

24.11.2026

„Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари

24.11.2026

Необјаснет трошок за Девиците, шанса за дополнителна заработка за Близнаците: Хороскоп за 24 ноември

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Комуналец постави нови корпи на гробиштата во Прилеп

8 месеци ago

„Прв до врв“ го преплави Водно: Спорт, адреналин и илјадници учесници кон Милениумскиот крст

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Голем дел од Тетово вечерва без струја: Граѓаните оставени без греење, меѓу нив и семејства со мали деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.