недела, септември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Истрага за загадената вода во Гостивар: Обвинителството бара притвор за тројца раководители на „Комуналец“

by Redakcija
21.07.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ и двајца раководители на сектори, за кои е побаран 30-дневен притвор поради сомнение за тешки дела против животната средина и природата.

Според Обвинителството, тројцата осомничени се товарат дека дале налог за поставување пумпи со кои непречистена вода од надворешен канал била внесувана во системот за водоснабдување, со цел да се зголеми притисокот во мрежата за Гостивар и околните населени места.

Како што беше соопштено на прес-конференција, анализите на Институтот за јавно здравје покажале присуство на колиформни и фекални бактерии во примероците од каналот и преливната станица. Во внатрешноста на каптажата биле пронајдени 39 колиформни бактерии, иако дозволената вредност според стандардите е нула.

Од Обвинителството информираа дека водата кај крајните корисници не покажала присуство на бактерии, но било регистрирано зголемено ниво на хлор над дозволените граници.

За делото за кое се товарат осомничените е предвидена затворска казна од најмалку четири години. Истражната постапка е во почетна фаза, а допрва ќе се утврдува евентуалната причинско-последична врска меѓу состојбата со водата и заболувањата кај граѓаните.

Од Обвинителството посочија дека доколку се обезбедат дополнителни докази, истрагата може да биде проширена и кон други лица или институции кои имале надлежности поврзани со контролата и безбедноста на водоснабдувањето.

Постапката започнала по анонимна пријава доставена до полицијата, а надлежните институции продолжуваат со проверки за целосно расчистување на случајот.

….

Related Posts

Со службени возила пренесувале огревно дрво до домовите, кривична пријава за двајца вработени во „Национални шуми“

05.09.2026

Акција на полицијата во Охрид: Приведен Турчин осомничен за проституција

05.09.2026

Пет лица лишени од слобода во Галичник – во шаторите пронајдени марихуана, кокаин, печурки и таблети

05.09.2026

Двајца кавадарчани приведени на „Тиквешки гроздобер“

05.09.2026

Трагедија во БиХ: Седумгодишно дете загина при превртување на четирицикл

05.09.2026
13-годишно девојче од Куманово ја претепало својата баба и се заканувало со остар предмет на семејството

Тројца полицајци повредени во сообраќајка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје

04.09.2026

Препорачани Вести

lakavicka reka

Полошкиот регион се бори со посериозни проблеми поради поплавите

8 месеци ago

492 инспекциски контроли во Македонија: 89 прекршочни налози издадени за една недела

6 месеци ago

Популарни Вести

  • ВЛЕН: Економијата расте за 4,3 отсто, за домашните компании обезбедени 20 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Иран тврди дека погодил американски носач и разурнувач

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија на аеромитинг во Грција: Двајца пилоти загинаа откако „Фантом“ се урна пред илјадници гледачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Албанија не е на продажба“: Утре голем национален протест по 100 дена отпор против проектот поврзан со Кушнер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АфД пред историски резултат во Саксонија-Анхалт: Германската десница може првпат да предводи покраинска влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.