недела, август 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

by Уредник
02.08.2026
in Македонија, Република
Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, порача дека Илинден не е само историски датум, туку завет, карактер и најсилен доказ за непокорливоста на македонскиот народ.

Во своето обраќање тој истакна дека Илинден претставува симбол на слободата, државноста и истрајноста, нагласувајќи дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени.

„Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека денеска не се одбележува само уште еден државен празник, туку се оддава почит на идеалите, жртвите и луѓето кои своите животи ги посветиле на слободата и иднината на Македонија.

Според премиерот, двата Илиндена – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година – претставуваат единствен историски континуитет.

„Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку две страници од истата книга, напишана со вера, храброст и непоколеблива одлучност Македонија да биде своја, достоинствена и слободна“, рече Мицкоски.

Тој потсети дека во Крушево се родила идејата дека слободата вреди повеќе од животот, додека на АСНОМ, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, таа идеја добила своја државотворна форма.

Во своето обраќање премиерот ги истакна Никола Карев, претседателот на Крушевската Република, и Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на АСНОМ, како две историски личности кои ги предводеле двата најзначајни процеси во македонската историја.

Тој посочи дека делегатите на Првото заседание на АСНОМ свесно го поврзале создавањето на современата македонска држава со идеалите на Илинденското востание од 1903 година.

„Основата на која ја граделе македонската држава ја пронашле 41 година наназад, во македонскиот Илинден од 1903 година, врз темелите на борбата на комитите и војводите кои го развеале знамето на Крушевската Република и се бореле за слободна и автономна Македонија, чиј патрон е организацијата ВМРО“, истакна Мицкоски.

Премиерот потсети дека историскиот континуитет меѓу двата Илиндена бил јасно вграден во документите на АСНОМ како еден од главните столбови на македонската државност и национален идентитет.

Осврнувајќи се на Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија, усвоена на Првото заседание на АСНОМ, Мицкоски истакна дека документот бил инспириран од принципите на Француската револуција од 1789 година.

Тој нагласи дека декларацијата ги гарантирала слободата на говорот, правото на национална припадност, слободата на движење, избирачкото право, вклучително и правото на глас на жените, слободата на вероисповед и правото на приватна сопственост.

Според него, со тој документ новоформираната македонска држава не била претставена само како држава со социјалистичко општествено уредување, туку и како држава со елементи на граѓанско политичко уредување.

Мицкоски истакна дека автор на Декларацијата бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки и еден од најобразованите делегати на АСНОМ, кој учествувал во изработката на голем дел од документите усвоени на историското заседание.

Во своето обраќање премиерот нагласи дека антифашизмот останува трајна определба на Македонија, додавајќи дека благодарение на тогашното македонско воено и политичко раководство земјата избегнала идеолошка граѓанска војна, каква што се случувала во други делови од поранешна Југославија за време на Втората светска војна.

Тој потенцираше дека со одлуките донесени на 2 август 1944 година, македонските борци ја потврдиле самостојноста и автохтониот карактер на македонската државност.

„Македонското народноослободително движење, македонските партизани и македонската војска, со сопствени сили и без ничија помош однадвор, ја ослободија Македонија од окупаторите. Слободата на Македонија не ја донесе никој однадвор – македонскиот народ и сите националности сами се изборија за својата државност и ги остварија вековните идеали на ајдутите, комитите, војводите, партизаните и на сите знајни и незнајни борци низ децениите“, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце по повод одбележувањето на Илинден – Денот на Републиката.

Related Posts

Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

02.08.2026
123 години од Илинденското востание: Десет дена слободно Крушево што прераснаа во вечен симбол на македонската државност

123 години од Илинденското востание: Десет дена слободно Крушево што прераснаа во вечен симбол на македонската државност

02.08.2026

Г.Г. Стефан: Само обединет народ може да ги зачува слободата и идентитетот

02.08.2026

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

01.08.2026

Проданоски: Илинденскиот дух нè обединува и нè обврзува да ја чуваме и градиме Македонија

01.08.2026

Од денес кризна состојба во цела држава поради опасност од пожари

01.08.2026

Препорачани Вести

Трамп пред Конгресот: „Америка повторно победи“

САД најавуваат нови царини за Канада и Мексико

2 месеци ago

Комуналец Прилеп: Во тек е комплетно реновирање на амфитеатарот во Варош

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Опседнат со телефонот, не забележал дека мечка му се приближува – драматична снимка од Романија (ВИДЕО)

    Опседнат со телефонот, не забележал дека мечка му се приближува – драматична снимка од Романија (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на „Ботичелите“? Во Италија предложен закон за забрана на туристичките кочии со коњска запрега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Пелинце: Илинден е доказ дека македонскиот народ никогаш не може да биде покорен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државниот архив објави ретки фотографии и документи по повод 123 години од Илинденското востание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 123 години од Илинденското востание: Десет дена слободно Крушево што прераснаа во вечен симбол на македонската државност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.