сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

by Redakcija
19.09.2026
in Економија

Цените на бензинот и дизелот во Европската Унија достигнаа највисоко ниво откако Европската комисија почна да ги следи податоците во 2005 година, а дополнителен раст на цените е можен и во наредниот период.

Според податоците на Европската комисија, на 14 септември просечната цена на бензинот во ЕУ изнесувала 2,063 евра за литар, додека дизелот се продавал за просечни 2,159 евра за литар.

Тоа значи дека за резервоар од 50 литри биле потребни околу 103 евра за бензин и 108 евра за дизел.

Цените значително се разликуваат од една до друга земја. Најевтин бензин е регистриран во Малта, со 1,34 евра за литар, додека најскап бил во Данска, каде што достигнал 2,56 евра. Кај дизелот, Малта повторно била најевтина со 1,21 евро за литар, додека највисока цена имала Финска – 2,51 евро.

Според податоците објавени во неделниот билтен за нафта на Европската комисија, цените ги вклучуваат даноците и акцизите.

Поскапувањето на горивата е поврзано со нарушувањата во снабдувањето со нафта и повисоките трошоци за нејзина преработка. Цената на суровата нафта „Брент“ во текот на конфликтот на Блискиот Исток надмина 126 долари за барел, додека во петокот барел за испорака во следниот месец се тргувал за повеќе од 104 долари. Пред конфликтот, цената била околу 72 долари.

Дополнителен притисок врз европскиот пазар создаваат и проблемите со снабдувањето. „Сауди Арамко“ известила најмалку две европски рафинерии дека нема да ги добијат договорените количини на нафта во октомври. Според „Блумберг“, одлуката се однесува на европските купувачи и доаѓа по напад врз важен саудиски нафтовод кон Црвеното Море.

Сепак, суровата нафта не е единствениот фактор зад растот на цените. Значително се зголемија и трошоците за преработка, односно разликата меѓу цената на суровата нафта и цената на готовите нафтени деривати.

Европската централна банка проценува дека маржите за преработка на дизелот сè уште не го достигнале врвот и дека највисоките нивоа може да бидат забележани во октомври.

Од почетокот на 2026 година, просечната цена на бензинот во ЕУ е зголемена за околу 29 отсто, додека дизелот поскапел за речиси 40 отсто.

Во третата недела од септември, според проценките на ЕЦБ, маржата за преработка изнесувала околу 0,41 евро по литар дизел, што претставува 19 отсто од малопродажната цена. Кај бензинот маржата била околу 0,17 евра по литар, односно 8 отсто.

Врз цените значително влијаат и даноците. Во јули, акцизите и ДДВ сочинувале околу 44 отсто од крајната цена на дизелот и околу 52 отсто од цената на бензинот во еврозоната.

ЕЦБ претходно процени дека промените во цената на суровата нафта генерално се пренесуваат врз цените на горивата пред оданочување во рок од еден до два месеца, што укажува дека високите цени може да продолжат да се чувствуваат на европските бензински пумпи и во наредниот период.

…

Related Posts

Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

19.09.2026

Косовска компанија го презема „Тинекс“: Комисијата за конкуренција даде одобрение

19.09.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

19.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

18.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

18.09.2026

Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар

18.09.2026

Препорачани Вести

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,06 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

4 месеци ago

Три пожари сè уште беснеат низ Македонија, службите на терен

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Речиси 20 години стари автомобили се возат по македонските патишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овие уреди ви ја зголемуваат сметката за струја: Електричар советува што да исклучувате

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под Европа откриен древен супервулкан: Откриено дали сè уште може да еруптира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рампата за Црна Гора: Пет членки на ЕУ бараат да се забави пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.