сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Радовиш преку Струмица до границата со Бугарија

by Redakcija
26.09.2026
in Македонија, Топ Вести

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него, веќе е започната постапката за избор на проектантска и консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација за проектот. Во рамки на подготовките треба да се изработат предпроектна документација, еколошки и социјални студии, како и физибилити студија.

Рокот за поднесување понуди е до 8 октомври, по што се очекува избор на консултантската куќа. Студиите, според најавите, треба да бидат завршени во рок од шест до девет месеци, по што би следувал тендер за избор на изведувач.

Николоски посочи дека проектот ќе се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта.

„Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување со Република Бугарија“, изјави Николоски.

Тој додаде дека, доколку постапките се одвиваат според планираното, градежните активности на терен би можеле да започнат до есента следната година.

При посетата на Радовиш, Николоски информираше и дека во општината се инвестираат повеќе од 250 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и локалниот развој.

Во завршна фаза е и изградбата на новиот Градски пазар, кој според најавите треба да биде пуштен во употреба за околу еден месец. Инвестицијата е вредна околу два милиони евра и се финансира од буџетот на Општина Радовиш.

…

Related Posts

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

26.09.2026

ВЛЕН: Ќе го зајакнеме партнерството со албанската дијаспора и САД

26.09.2026

Сонцето произведе најмногу струја во јули, Македонија покри 94,7% од потрошувачката

26.09.2026

Проданоски на изложбата „Градот во мене“: Уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

25.09.2026

Божиновска: Енергетската заедница со потврда за Македонија – силен раст на ОИЕ и напредок кон целите за 2030

25.09.2026

Коњановски: Горд сум што младите во Битола го наоѓаат своето место за професионален развој

25.09.2026

Препорачани Вести

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

4 месеци ago

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ!

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Ќе се гради експресен пат од Радовиш преку Струмица до границата со Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет децении U2: Се вратија во училиштето каде што започна сè

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, шпекулациите нема да го определуваат нашиот заеднички пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хорор во тетовско село: 62-годишник осомничен за тешко кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.