По повод 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати благодарност до сите просветни работници за нивната посветеност во образованието и воспитувањето на децата.
Тоневски посочи дека наставничката професија носи голема одговорност и бара трпение, посветеност, флексибилност и љубов кон децата.
„Денес сакам да упатам една искрена благодарност за секој час, за секој совет, за секое охрабрување и за секој момент во кој сте му помогнале на едно дете да верува во себе“, порача Тоневски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на учителот, биле доделени и признанија на учители кои во изминатата учебна година се издвоиле со својата работа и постигнати резултати и дале придонес во образованието и воспитувањето на учениците.
Тоневски упати честитки до наградените учители и им посака на сите просветни работници здравје, инспирација и успех во нивната работа.
„Децата нека ни бидат најголемиот мотив, а нивната иднина – нашата најголема заедничка цел“, порача градоначалникот на Пробиштип.
…











