Connect with us

Инфо +

Турската полиција со солзавец ја растури парадата на гордоста во Истанбул | ВИДЕО

Published

on

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, се приведени, јавија локалните медиуми.

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножитото, додека се собирале за настанот на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста по низа прашања, вклучително и човековите права.

Во заедничко писмо во четвртокот, повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата кон ЛГБТ заедницата, во екот на жестоката јавна дебата во Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани по училиштата да дистрибуира материјал и содржини кои промовираат хомосексуалност или промена на полот.

https://youtu.be/V1w4yRAmziY

Македонија

МВР со апел до граѓаните, еве на што да внимавате

Published

on

Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства.

Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се:

1. VoIP Услуги: Услугите за глас преку интернет протокол (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на VoIP нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.
2. Апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како “SpoofCard” или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат Caller ID што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени.
3. PBX Системи (Приватни Разменувачки Мрежи): Бизнисите користат PBX системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели.
4. SIM Замена: Се однесува на измамнички техники каде што напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга SIM картичка за да пресретнат повици и пораки.

Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до јавноста:

• Да бидете претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции.
• Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон.
• Доколку се сомневате дека сте биле жртва на ваква измама, веднаш да го пријавите случајот во најблиската полициска станица.

Continue Reading

Македонија

На Божик искршена црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово

Published

on

Вчера во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 07.01.2025 до 14.00 часот на 08.01.2025 на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет било извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата ,,Света Петка и Света Недела“. 

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

Извор: Република.мк

Continue Reading

Македонија

Вреди бара ДУИ да го исклучи Груби од членство на партијата

Published

on

Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата, наведуваат од ВЛЕН.

„Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Република Северна Македонија.

Притисокот од јавноста е реален и легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби“, потенцираат од ВЛЕН.

ВЛЕН стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во Република Македонија, наведуваат во соопштението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк