Connect with us

Инфо +

СРБИ, НАШИТЕ МАТИЧАРИ ВЕ ЧЕКААТ – црногорска ЛГБТ група ги повикува ИСТОПОЛОВИТЕ ПАРОВИ да склучат брак кај нив

Во Црна Гора оваа недела припадниците на ЛГБТ популацијата можат да склучат партнерство и да се запишат во матичните книги. Иако сето тоа е законски средено, со примена може да се тргне од следната недела.

И додека локалната самоуптава се подготвува, обезбедува книги за регистрација, пред Queer Montenegro ги повикуваат и мажите и жените од Србија да дојдат со партнерот да ја официјализираат врскат.

– Овој закон стапи на сила минатата година, но неговата примена официјално започна на 9. јули. Имавме празници со што паровите ќе мора да причекаатуште некој ден додека локалната самоуправа ја заврши работата, односно креира програми, направат книги и се што е потребно. Се очекува за најмалку две недели да почнат со работа. Но она што е битно да се нагласи дека сега паровите можат да ги контактираат матичарите и да закажат термин – вели Даниел Калезиќ, претседател на Управниот одбор на Црногорската ЛГБТQ Асоцијација “Queer Montenegro”.

Иако на почетокот се шпекулирало дека еден од партнерите мора да има црногорски државјанство за да склучи брак со истополово партнерство во оваа држава, Данијел објаснува дека тоа биле само шпекулации и дека Србите но и сите останати странци се добродојдени.

– Засега 20 парови изразиле желба за склучување заедница, што кај нас, што кај матичарите. Тоа е нешто што го знаеме засега, а веруваме дека ги има повеќе. Србите немаат никаква пречка овде да застанат пред матичар, само потребно е пред доаѓањето да ги соберат сите лични документи, доказ дека не се во брак, извод од матична книга… вели Данјел.

Балкан

Анкета: Огромни 83% од Грците уверени дека корупцијата владее во земјата

Шокантни податоци излегоа од најновата анкета на „Палмос Анализа“! Граѓаните на Грција се едногласни: Корупцијата е длабоко вкоренета. Дури осум од десет Грци (83%) сметаат дека феномените на корупција постојат во земјата во голема или прилично голема мера.

Уште подраматично, повеќе од една третина (38%) од анкетираните признале дека лично се соочиле со корупција во изминатите 12 месеци.

Анкетата, спроведена за Националниот орган за транспарентност (НТА), јасно покажува дека најчесто пријавуван сектор со 23% од испитаниците е здравството. Јавната администрација и Локалната самоуправа следат со 14%. Политиката е на трето место со 13% и Судството и Урбанистичкото планирање/Јавни работи се околу седум проценти.

Иако младите до 24 години начелно ја осудуваат корупцијата, „Катимерини“ пренесува дека таа нетолеранција избледува кога станува збор за лична потреба.

Интересно е што високообразованите граѓани имаат најмрачна перцепција: дури 64% од испитаниците со магистерски или докторски степен изјавиле дека корупцијата е присутна во многу голема мера. Само мизерни три проценти од Грците веруваат дека корупцијата е занемарлива.

Корупцијата добива најголема толеранција кога е поврзана со бизнис интереси, во односот бизнисмени-владини службеници за промовирање инвестиции и за поволни законски прописи кои „олеснуваат“ инвестиции кои ќе отворат работни места (дури и со значително влијание врз животната средина).

Се толерираат дури и интервенции за преместување на војници!

Администраторката на Националната академија на науките, Александра Рогаку, предупредува: „Овој феномен е меѓународно признат како една од главните причини за заминување на висококвалификувани млади научници од земји со висока стапка на корупција, во потрага по дестинации што нудат институционална стабилност, меритократија и еднакви можности.“

Грција се соочува со горчлива вистина: корупцијата не само што го нагризува системот, туку и ги брка најдобрите умови од земјата.

Continue Reading

Европа

Претседателот Зеленски оствари средба со папата Лео XIV додека продолжува да ја обезбедува меѓународната поддршка за мировните преговори

zelenski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес одржа 30-минутна дискусија со папата Лео XIV во папската резиденција во Кастел Гандолфо, за време на неговата посета на Италија. Овој состанок се случува во клучен момент, кога Киев интензивно бара поддршка од меѓународните партнери, истовремено навигирајќи низ чувствителниот дипломатски терен обликуван од најновиот американски притисок за постигнување спогодба.

По средбата, Ватикан издаде соопштение во кое се наведува дека „Светиот Отец ја повтори потребата за продолжување на дијалогот.“ Разговорите, исто така, вклучуваа и „прашањата за воените заробеници и потребата да се обезбеди враќање на украинските деца кај нивните семејства.“ Папата Лео, познат по неговиот повик за „праведен и траен мир“ и постојаната поддршка за Украинците, претходно сигнализираше подготвеност на Ватикан да биде домаќин на преговори.

По состанокот со папата, Зеленски е предвиден да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони подоцна во текот на денот. Оваа италијанска станица доаѓа по разговорите со британскиот премиер Кир Стармер и други лидери во Лондон на 8 декември, проследени со средби во Брисел со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и високи функционери на Европската унија.

Дипломатските напори на Киев се засенчени од загриженоста на европските лидери поради нивното наводно исклучување од разговорите центрирани околу нацрт-планот на САД и Русија. Овој план, кој наводно бара опсежни отстапки од Киев, предизвика голема вознемиреност во главните градови на ЕУ.

Во изјава за Блумберг, украинскиот претседател потврди дека преговорите со Вашингтон сè уште зависат од „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги безбедносните гаранции и идниот статус на источните украински региони.

Во меѓувреме, Брисел останува поделен околу американските идеи за постапување со замрзнатите руски средства. Белгија, каде што се чува најголемиот дел од овие фондови, продолжува да се спротивставува на предлозите за нивно пренасочување кон Украина. Иако германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одржаа „конструктивни“ дискусии со белгискиот премиер Барт Де Вевер на 5 декември, не е потврдена никаква промена во позицијата на Белгија.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, минатата недела ја посети САД за да продолжи со ревидирање на планот поддржан од САД. Паралелно, американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер продолжуваат со сопствени контакти, иако нивната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 2 декември заврши без пријавен напредок.

Официјалните лица од Кремљ јасно ставија до знаење дека Русија сè уште одбива да направи компромис во однос на нејзините основни барања, вклучително и блокирање на патот на Украина кон НАТО и инсистирање на целосно повлекување од делови на Доњецката Област – услови кои Киев категорично ги отфрла.

Continue Reading

Европа

Орбан со пофалба за Анкара: „Животот во Европа би бил хаос без турската политика, без Турција ќе нѐ проголташе нелегалната миграција

Од Анкара денес, унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати остра порака до Европа, предупредувајќи дека „Европа ќе се удави во нелегална миграција ако не беше Турција“.

За време на неговата посета, Орбан ја истакна клучната улога на Турција како последна брана, тврдејќи дека Анкара „запира стотици илјади луѓе секоја година, а милиони се спречени да продолжат кон Европа“.

На платформата Х, тој јасно изјави: „Унгарија стои со Турција за да се препознаат достигнувањата на Анкара“.

Унгарскиот лидер не штедеше зборови во благодарноста кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, лично заблагодарувајќи му се за миграциската политика на земјата.

„Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на претседателот Ердоган за неговата миграциска политика. Ако Анкара не ја заштитеше Европа и не беше бариера за Унгарија од југ, животот во Европа ќе беше неподнослив. Турција го запре сето тоа и во име на Унгарија ви благодарам“, рече Орбан.

Посетата не беше само политичка реторика; таа кулминираше со потпишување на неколку клучни договори во витални области како што се воздухопловството, безбедноста, технологијата, културата и образованието.

Значаен е договорот за формирање на Заедничка група за планирање – нов механизам дизајниран за поинституционализиран пристап кон билатералните и глобалните предизвици.

Како доказ за растечката економска амбиција, Турција и Унгарија ја обновија својата цел за обемот на трговијата, катапултирајќи ја од претходните шест милијарди на импресивна цел од 10 милијарди долари. Ова ја сигнализира намерата на двете земји значително да ги зајакнат економските врски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг