Connect with us

Инфо +

Дамјан на кој МОН одби да му даде наградата стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот

Published

on

Штипјанецот Дамјан Давков на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, освои сребрен медал и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот.

Оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

-По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Инаку, младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.

Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.

Балкан

ДАЛИ СРБИТЕ ЛЕТОВО ЌЕ ЈА ИЗБЕГНАТ МАКЕДОНИЈА? Влезот на Бугарија во Шенген може да ги смени туристичките рути до Грција

Published

on

Откако Бугарија влезе во Шенген зоната од 1 јануари, српските туристи можно е летоска да ја избегнуваат Македонија, бидејќи времето ќе им биде „скратено“ за една граница.

Српските медиуми проверуваат како тоа ќе изгледа во пракса и дали повеќе патници ќе се упатат кон српско-бугарската граница Градина.

Земјите-членки на Европската унија одлучија да ја укинат контролата на луѓето на внатрешните копнени граници со и меѓу Бугарија и Романија од 1 јануари 2025 година, така што оваа одлука ќе влијае и на патувањето во Грција. Бугарија стана членка на Шенген зоната на која ѝ припаѓа Грција, што значи дека се укинуваат граничните контроли меѓу двете земји.

Затоа, ова лето секој што ќе реши да патува во Грција преку Бугарија би требало да има пократко, полесно патување со помалку гужви, особено во шпицот на сезоната.

Истражувањето на неколку српски портали покажа дека оваа опција вреди да се разгледа. Анкетите покажале дека 37 отсто од испитаниците изјавиле дека летово би патувале преку Бугарија, додека 18 отсто рекле дека тоа ќе зависи од метежот на границата. Оние кои не сакале да поминат низ оваа земја биле 34 отсто, додека 11 отсто одговориле дека воопшто нема да поминат низ Бугарија.

Туристичките автобуси нема да ги менуваат линиите и до Грција ќе патуваат по познатата рута преку Македонија, но таа опција  останува за оние кои до море патуваат со сопствен превоз.

Како причина, тур-операторите наведуваат дека патници од Ниш, Врање и од Лесковац, нема да ја менуваат рутата.

Српските туристи кои ќе ги изберат дестинациите како што се Тасос, Кавала и евентуално Неа Врасна, во пракса би било подобро да возат преку Бугарија, во однос на километрите, како и дека ќе има една граница помалку.

Проблемот во летните месеци е што граничниот премин Градина е доста фреквентен.

– Таа граница е позафатена од граничните премини Табановце и Богородица, има огромни гужви. Во пракса мислам дека нема да донесе ништо. Сè уште е побрзо да се оди преку Македонија. Ако одиме преку Бугарија, ќе трае исто толку бидејќи 120 километри на таа вкупна траса не се автопатишта, а горивото е поевтино во Македонија – велат тур-операторите.

– Иако рутата е нешто пократка и нема да има граница меѓу Грција и Бугарија, ние ќе ја користиме рутата преку Македонија бидејќи нашите искуства со бугарската граница не се големи во однос на брзината на минување. Ова го видовме благодарение на нашите летни одмори во Турција. Затоа веруваме дека доколку оваа граница дополнително се оптоварува со поголем број автобуси до Грција, нема да има заштеда на време – велат од друга српска туристичка агенција.

Проблемот со граничниот премин Градина за време на летото е што се создаваат огромни гужви од големиот број турски граѓани кои престојуваат во ЕУ кои преку оваа рута патуваат за Турција. Така, чекањето е често трае неколку часа.

„Патувањето ќе биде поедноставно и можеби побрзо ако летувате на Атос (трет крак на Халкидики) или на островот Тасос и регионот Стримоникос (Ставрос, Неа Врасна, Аспровалта, Неа Рода, Олимпијада, островот Амулијани). Додека големо прашање е дали е погодно за престој во Ситонија, а особено во Касандра, бидејќи километражата е многу поголема, а патиштате не се најдобри“, велат туристичките агенции.

– Значаен дел од нашите туристи во изминатиот период престојуваа една ноќ во Македонија на некои дестинации како Дојран, Охрид и слично. Во секој случај можно е оваа одлука да биде мотив за повеќе наши туристи кои ќе поминат нивните лета во Грција – додаваат туристичките оператори.

До морето водат две рути 

Ако одите со сопствен автомобил, постојат две главни рути по кои можете да одите до Грција (може да одите и преку Албанија, но исклучително ретко се користи) – преку Македонија и преку Бугарија.

При изборот, луѓето обично одлучуваат врз основа на нивната почетна точка, односно градот од кој го започнуваат своето патување, но и самата дестинација во Грција. Огромното мнозинство ја избира рутата преку Македонија, со исклучок на туристите од источна Србија или оние кои можеби летуваат на Тасос, Аспровалта или Ставрос. Сепак, можеби една граница помалку и гужвите на граничните премини ќе влијаат на изборот на рута во оваа година.

Ако одите од Белград до Солун, патот низ Македонија е пократок за нешто повеќе од 40 километри и може да се каже дека е поквалитетен затоа што сѐ е автопат, освен една мала делница во Грција, каде се вози по широки главни патишта.

Кога планирате патување, треба да знаете дека Србија, Македонија, Бугарија и Грција не се во иста временска зона. Во Србија и Македонија е исто време, но Бугарија и Грција се еден час понапред. Значи, кога е тука 12 часот, во Бугарија и Грција е 13 часот.

Останува само да се почека спроведувањето на оваа одлука и да се види по која рута ќе се движат туристите од Србија преку Грција.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Балкан

СО АВТОМОБИЛ ВЛЕТАЛ НА ПИСТАТА, ПА СЕ ВПУШТИЛ ВО БЕГСТВО

Published

on

Необичен инцидент се случил денеска на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога чувар по грешка пуштил на пистата возило управувано од С.С., јавува Блиц.

Медиумите додаваат дека возачот на тој автомобил откако „дивеел“ на пистата побегнал од полицијата до границата со Босна и Херцеговина, но на крајот бил уапсен.

По тој повод контактиравме со аеродромот за да дознаеме повеќе детали за случајот.

Соопштение на аеродромот „Никола Тесла“

„Београдскиот аеродром сериозно ја сфаќа ситуацијата и веднаш се преземени превентивни мерки. Според проценката на надлежните, ќе се изврши дополнителна контрола на дел од аеродромот што може привремено да влијае на распоредот на летови.

Компанијата целосно соработува со властите за да се утврдат околностите и да се преземат дополнителни корективни активности за подобрување.

Додека истрагата е во тек, компанијата од белградскиот аеродром не може да даде повеќе детали.

Компанијата на аеродромот во Белград останува посветена на обезбедување соодветно ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај заедно со сите релевантни чинители“, се вели во соопштението.

Continue Reading

Инфо +

Мицкоски се сретна со познатата американска ТВ новинарка МЕГИН КЕЛИ

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски не запира со средбите и состаноците во Вашингтон.

-Разговор со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Мегин Кели.

Мегин Кели (Megyn Kelly) е американска новинарка, телевизиска водителка и адвокатка. Родена е на 18 ноември 1970 година во Шамплејн, Илиноис. Таа е позната по својата кариера како новинарка во неколку водечки американски медиумски куќи и по своите остри интервјуа и истражувачки новинарски прилози.

Кариера:

  • Рани години: Кели дипломирала право на универзитетот Албани и работела како адвокатка за неколку престижни фирми пред да премине во новинарството.
  • Fox News: Се приклучила на Fox News во 2004 година, каде што станала еден од најпрепознатливите ликови. Ги водеше емисиите America Live и The Kelly File, кои беа меѓу најгледаните програми на каналот. Позната е по своите тешки и директни прашања до интервјуираните, вклучително и до водечки политички фигури како Доналд Трамп.
  • NBC News: Во 2017 година, Кели премина во NBC News, каде што водеше емисија Megyn Kelly Today. Овој потег беше дел од обидот на NBC да привлече поширока публика, но емисијата беше откажана во 2018 година по контроверзија поврзана со нејзините коментари за расни прашања.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк