Connect with us

Забава

Ракот разочаран од партнерот, Бикот да има трпение

Published

on

ОВЕН

Ве очекува генерално стабилна ситуација на деловно поле. Вие многу добро знаете на што се занимавате. Во овој период сте емотивно незадоволни и не ви е лесно да ги признаете грешките што самите сте ги направиле. Не јадете храна од непознато потекло.

БИК

Денешниот ден може да ви донесе некои пречки и проблеми на полето на работата. Големи сопирачки се пред вас. Потребно е многу трпение за да почекате саканата личност да се отвори и да ви ги покаже чувствата. Вртоглавица.

БЛИЗНАЦИ

Време е конечно да ги покажете своите способности и да се посветите на остварување на вашите амбиции. Ако сте во брак, вашата сакана не ви е доволно посветена и заладувањето на врската полека ви доаѓа. Ќе ви годи релаксација со пријателите

РАК

Можеби не ви се допаѓа атмосферата во деловното опкружување и се почесто размислувате да ја напуштите работата. Разочарани сте од партнерот. Ви се чини дека тој не е искрен.Психосоматски проблеми.

ЛАВ

Добар ден е за промени кога станува збор за работата. Ве очекува фаза во која ќе имате некои проблеми. Можеби нема да ви биде лесно да бидете целосно искрени со саканата личност. Вашиот ‘рбет е слаба точка.

ДЕВИЦА

По долго време, може да постигнете задоволителна деловна ситуација. Подготвени сте да и пријдете на личност што ви се допаѓа. Вашата врска полека се менува на подобро. Станувате поблиски. Грижете се за вашиот крвен притисок.

ВАГА

Направете напор да бидете посветени на вашиот бизнис план и вашите цели ако навистина сакате да ги постигнете. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено се грижи за вас и дека е подготвена за брак. Избегнувајте стрес.

ШКОРПИЈА

Немате доволно трпение, па реагирате импулсивно во ситуации што би можеле значително да ја нарушат вашата деловна репутација. Иако постои растојание помеѓу вас и вашата сакана, можете да го решите. Алергии.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете под голем стрес затоа што не сте во состојба да ги спроведете сите деловни планови во акција.Можно е да имате мали расправии со личноста за која се грижите. Покажете малку повеќе трпение. Вашето здравје е променливо.

ЈАРЕЦ

Можете да очекувате среќни околности на полето на работата. Пред вас е многу поволен период за да постигнете успех. Односите со партнерот не се доволно добри и размислувате да раскинете. Ве прати замор.

ВОДОЛИЈА

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува период на голем успех. Пред вас се среќни околности. Вашата врска со саканата личност може да биде нестабилна. Вашата комуникација не е доволно искрена. Чувствителен мочен меур.

РИБИ

Посветете се малку повеќе на вашата работа ако сакате да постигнете подобри резултати. Многу зависи од вас. Можно е да уживате во позитивна атмосфера со саканата личност. Судбината е во ваша корист. Респираторни инфекции.

Забава

Љубов кон Македонија во латино изведба – Вирално се шири настапот на Ева Карамановска

Published

on

Прекрасен настап на светското првенство во латино танци во изведба на Ева Карамановска. 

Младата танчерка облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи. 

Скопје, поточно Спортскиот центар „Борис Трајковски“ изминатиот викенд беше домаќин на Светското првенство во Латино танци Скопје 2024. 

Емоција која вреди да се доживее! Погледнете го настапот! 

https://www.facebook.com/share/v/1GbadUUjyS/?mibextid=WC7FNe

Continue Reading

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк