Connect with us

Македонија

Како ќе се живее: Драстично пocкапување на струјата, pecтрикции и можен колaпc на енергетскиот систем?

Published

on

Цените на гасот во ЕУ, се на рекордно високо ниво, Велика Британија, и покрај сопственото производство има недостаток на гас, САД стравуваат од зголемување на цените, Индија има јаглен само за следните 3 дена, фабриките во Кина работат пар-непар, Албанија прогласи вонредна состојба. Енергетска криза има, а единствено македонската владата само ја следи состојбата и ќе интервенирала таму каде што ќе било потребно. Премиерот Зоран Заев по минатонеделните смирувачки пораки, сега признава дека земјава ќе се соочи со енергетска криза, но без стратегија како ќе ја поминеме зимата, кога потрошувачката на струја се зголемува.

Енергетска криза има, цените се високи, но владата будно ја следи состојбата и ќе интервенира таму каде што ќе биде потребно, изјави премиерот Заев прашан дали државата е подготвена да го ублажи ударот од енергетската криза и растот на цените на основните прехрамбени продукти.

Премиерот вели ќе се следи состојбата следните две три недели, по што ќе се донесат мерки. Но не откри какви ниту колку пари има на располагање во буџетот за да се ублажи ударот и за компаниите и за ранливите категории граѓани.

До крајот на годината нема да има поскапување на цената на струјата за домаќинствата, велат од Владата, но што потоа не знаат. Премиерот се стави во редот на многу поголеми политички фигури од него, кои , како што вели – немале одговор на ова прашање.

Премиерот претходно наведе дека владини и надворешни експерти веќе размислуваат за сите нови начини за надминување на енергетската криза, ако се знае дека по Нова Година, според договорот со универзалниот снабдувач, ќе треба да има нови цени за електричната енергија.

Македонија

Кривична за малолетник, дознал податоци од дебитна картичка на друго лице и почнал да му ја празни сметката

Published

on

Поднесена е кривична пријава против 17-годишник од Прилеп за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

„Имено тој во периодот од 19.08. до 23.08.2024 во Дорјан, пријавениот искористил прилика и неовластено обезбедил податоци од дебитна картичка на едно лице, по што со мобилен телефон од друго лице извршил четири трансакции со картичката“, се вели во билтенот на МВР.

Continue Reading

Македонија

Приведен жител на тетовско поради физички напад

Published

on

На 13.01.2025 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода К.И.(59) од с.Камењане, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека околу  16.30 часот во селото физички го нападнал А.К.(28) од истото село, при што употребил и метален предмет. К.И. бил задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Шест предистраги за јавни набавки во ЕСМ – интервју со државниот обвинител

Published

on

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола работи на шест предистраги за јавни набавки во РЕК „Битола“ односно во „Електрани на Северна Македонија“, открива државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Коцевски го прашуваме дали ОЈО Битола има капацитет да ги сработи овие предмети. Разговараме и за тоа дали во атмосфера на големи очекувања од борбата против корупцијата, колку го чувствува за товар тоа што беше избран од мнозинството на СДСМ и ДУИ и дали страв од евентуално разрешување ги диктира неговите актуелни постапки. Што треба да заклучиме по задолжителното упатство со кое побара од сите јавни обвинители да ги приоретизираат предметите од областа на корупцијата – дека притисокот од премиерот дава резултат или дека Коцевски признава оти обвинителството не работело? Разговараме и за случајот „Државна лотарија“ и недостапноста (бегството) на Артан Груби, за истрагата „Адитив“, а Коцевски одговара и на прашањето – дали и колку други предистраги има за Електрани и РЕК „Битола“. Тема се и (не)веродостојноста на ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски, наводите на премиерот дека биле следени тој и неговото семејство, како и предистрагата за фирмите на Ристо Крмзов од Струмица.

Целото интервју може да го погледнете тука https://youtu.be/XCgJ25oG-aQ?si=cuAQ6t6y4OlaUWAm

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк