Connect with us

Македонија

Примал плата 8 години како вработен во општина Тетово, а се наоѓал во Германија

Published

on

„Претседателот на општина Тетово Билал Касами денес откри еден скандал од претходното владење, каде што едно лице 8 години добивало плата како вработено во општина Тетово, додека престојувало во Германија.“ – јави информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА пишува: „Градоначалникот Касами нагласи: ‘Од пред два – три дена се соочувам со една ситуација каде што еден вработен, што прима плата редовно од општина Тетово, а работи во Германија, и за 8 години никому не се сетил зошто ова лице ги зема парите на даночните обврзници од Тетово’. Според него, од минатата администрација фигурирале речиси 340 вработени, од кои значителен дел ниту доаѓале на работа, но добивале многу пари. Меѓу нив се и некои што се блиски на поранешни општински функционери.“

„Касами истакна дека успеал да прекине значителен дел од овие фиктивни договори.“

Македонија

БИТОЛА СТАНУВА ВЕЛО ГРАД: ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ

Published

on

Битола го прави првиот чекор кон модерна вело-инфраструктура со почетокот на асфалтирањето на велосипедските патеки на улица „Партизанска“. Со реализацијата на овој значаен проект, градот ќе добие над 5 километри велосипедски патеки, кои ќе обезбедат поврзана и функционална мрежа за љубителите на велосипедизмот.

Патеките се изведуваат на постоечките тротоари, со ширина од 3 метри, без да се наруши зеленилото, што ја потврдува посветеноста на општината кон одржлив развој. Иницијативата, поддржана од долготрајните барања на граѓаните, е реализирана со сопствени средства на општината, покажувајќи дека Битола ги става интересите на заедницата на прво место.

Со оваа инвестиција, Битола прави крупен чекор кон создавање на поодржлив и еколошки град, исполнувајќи ја долгогодишната желба на своите жители.

Continue Reading

Македонија

Ќе се гради подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ – Владата ќе издвои 20 милиони евра

Published

on

Гаражата, според првиот вицепремиер Меџити, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот, а ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија 

Владата на денешната седница донела одлука да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“, информира попладнево на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека со ова ќе се решат инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа овој дел од главниот град.

Според првиот вицепремиер, станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на на 371 ново паркинг-место, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со адекватен број паркинг места за лица со посебни потреби.

„Со оваа инвестиција ние ја демонстрираме нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, Општина Чаир и Општина Центар“, рече Меџити.

Изградбата на подземната гаража, како што посочи тој, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот и ќе го олесни сообраќајот и пристапот за локалните жители и посетителите.

Проектот, според првиот вицепремиер, ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија.

„Туристите ќе имаат подобар пристап до овој културно-историски дел од градот што ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде нови можности за бизниси во регионот. Особено сум задоволен што Владата успеа да одвои средства за овој важен проект во рамки на Министерството за транспорт. Ова е доказ дека со заеднички напори и визија можеме да постигнеме значајни подобрувања во животот на нашите граѓани. Нашата обврска да продолжиме со вакви иницијативи кои ќе донесат долгорочни придобивки за целото општество“, кажа тој на прес-конференцијата.

Во наредниот период, Меџити рече дека ќе работат на реализација на проектот во најкраток можен рок и со највисок квалитет и дека ќе обезбедат транспарентност и отчетност во сите фази од изградбата.  

Одговарајќи на новинарско прашање, првиот вицепремиер рече дека проектот е готов и дека тендерската постапка ќе се отвори наскоро, а на почетокот на годината очекува да почнат градежните работи.

Continue Reading

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк