Connect with us

Европа

Полска се подготвува за руски напад? Објавени упатства за граѓаните како да се подготват за војна!

Published

on

Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната.

Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.

Граѓаните се советуваат да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија.

Полската Влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и студено зимско време.

Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на дел од граѓани во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусираше повеќето напади на северот, југот и истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз градот Лавов, кој се наоѓа на само 60 километри од полската граница.

Засега нема конкретни информации дека Русија планира да ја нападне Полска, исто како што ниту Полска очекува напад, но се стравува дека Москва би можела да ја прошири својата инвазија во соседните земји.

Европа

УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се македонските борбени хеликоптери М-24

Published

on

На Телеграм каналот Military Informer, се појавија фотографии од македонските борбени хеликоптери Ми-24 во украинските вооружени сили. 

Македонија во повеќе наврати донираше воена опрема за Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Русија ја нападна Украина со три цели демилитаризација, денацификација, и признавање на независноста на Доњецк и Луганск. Потоа Русите објавија дека целта им е ослободување на Донбас. 

Continue Reading

Европа

Европскиот суд за човекови права ја осуди Бугарија

Published

on

Европскиот суд за човекови права оцени дека Бугарија ја прекршила презумпцијата на невиност и правото на правично судење на европратеничката Елена Јончева и мора да и плати отштета од 8,000 евра.

 Станува збор за случај од 2019 година, кога бугарското Јавно обвинителство започнало кривична постапка против Јончева под сомнеж за перење пари преку „Корпоративната комерцијална банка“, која банкротира пред една деценија.

 Според Судот во Стразбур, Обвинителството обелоденило детали за случајот со кои сугерирало дека Јовчева била вклучена во голема операција за перење пари, наместо тоа да го направи на „дискретен и воздржан начин“, почитувајќи го принципот на презумпција на невиност.

 По покренувањето на постапката против Јончева, бугарското Јавно обвинителство побара од Европскиот парламент да и го укине пратеничкиот имунитет што таа го ужива како европратеничка.

Но, Европарламентот го одби ваквото барање, со оценка дека со постапката против Јончева бугарското Обвинителство се обидува „да им наштети на нејзините политички активности, а не да постигне правдата“.

Со ова Обвинителството не можеше да ја продолжи постапката против европратеничката.

Јончева, која првпат беше избрана за европратеничка во 2019 година, тогаш обвини дека постапката против неа претставува „политички напад“ од страна на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) Бојко Борисов, кој во тоа време беше бугарски премиер.

 На покренувањето на постапката против Јончева претходеа обвинувања од нејзина страна на сметка на Владата за „неквалитетна изградба“ на автопатишта во земјата и на граничната ограда кон Турција, како и за „неправилност при реновирањето на објекти со народни пари“.

 Неколку месеци подоцна врз основа на пријава на тројца пратеници на ГЕРБ, Обвинителство покрена постапка против Јончева под сомнеж дека учествувала во перење на 333,000 евра преку „Корпоративната комерцијална банка“.

 Јончева, која е поранешна новинарка, тврди дека во 2012 година банката „ја спонзорирала“ за снимање на документарни филмови, потенцирајќи дека никој во Бугарија во тоа време не се сомневал оти во банката се вршел криминал.

 Инаку, сопственикот на „Корпоративната комерцијална банка“, Цветан Василев во време на покренувањето на постапката против Јончева ја имаше титулата „банкар на годината“ во Бугарија, иако во 2014 година беше обвинет за раководење со криминална група која од банката одзела над една милијарда евра.

Continue Reading

Европа

И 23 години по воведување на еврото, Германците се уште разменуваат марки

Published

on

Речиси четврт век по воведување на еврото, Германците сè уште разменуваат големи суми од нивната поранешна валута, според официјалните податоци од Бундесбанката.

Германската централна банка соопшти дека околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра биле разменети во 2024 година. Претходната година биле разменети 58 милиони марки.

Германија е една од шесте земји, покрај Австрија, Ирска, Естонија, Литванија и Летонија, кои што сè уште дозволуваат нивните поранешни валути да бидат заменети со евра.

Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а сега 20 земји се официјални членки на еврозоната.

23 години подоцна, германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк