Connect with us

Македонија

НАТО кодот за Македонија сменет, од МКД во НМ!

Published

on

НАТО кодот за името на нашата држава е сменет и наместо МКД, сега стојат само две букви, NM.

Оваа промена, како што дознава Нетпрес, била на барање на Грција, која побарала НАТО кодот за името на нашата држава, наместо MKD, да биде NMK или RNM.

За ова биле информирани и поренeшните министри на Министерството за одбрана, како и Министерството за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Но, за тоа молчеле и не ја обелодениле оваа информација во јавноста, иако како држава сме биле официјално информирани.

Новата одлука на НАТО алијансата која пред неколку дена е пристигната до македонските институции. Како што се вели во документот, Македонија во иднина треба да го користи скратеното име „NM“ како кратенка од North Macedonia.

Во документот се вели дека шифрите од две букви се користат за сојузниците на НАТО, а шифрите со три букви се користат за партнерите на алијансата.

Во оваа листа се менуваат и кодовите за Бугарија и Турција.

Македонија

Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ

Published

on

Нова заменик претседателка на опозициската СДСМ е Фани Каранфилова Пановска.

Таа беше избрана за оваа партиска функција на вчерашниот 30. Конгрес на партијата.

Каранфилова Пановска доаѓа на местото на Сања Лукаревска, која по последните парламентарни избори поднесе оставка, а сега е пратеничка на партијата.

Претходно на таа функција беше Радмила Шекеринска.

Која е Каранфилова-Пановска

Каранфилова-Пановска зад себе нема политичко искуство.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој и ја предложи за оваа функција, вчера изјави дека двајцата се познавале долго време, а на јавноста и е позната пред се како поранешен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија.

На оваа позиција беше избрана во 2015 година и тогаш го наследи Владимир Милчин, првиот извршен директор на Фондацијата.

Повеќе не е на таа позиција.

Целата своја професионална кариера Каранфилова-Пановска ја поминала во граѓанскиот сектор.

Continue Reading

Македонија

Општина Тетово вработува: Плата 30.700 денари

Published

on

Помлад соработник за одобренија за градба, Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за урбанизам и управување со градежното земјиште.

За подетални имформации на овој линк https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/458899/Pomlad-sorabotnik-za-odobrenija-za-gradba-Oddelenie-za-sproveduvanje-na-urbanistichki-planovi-Sektor-za-urbanizam-i-upravuvanje-so-gradezhnoto-zemjishte/

Continue Reading

Македонија

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

Published

on

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот Конгрес на СДСМ.

Овој пат се огласи и Драган П. Латас со негово мислење.

„Експертот за операција на мозоци, Венко Филипче, изврши лоботомија во живо на СДСМ со ветување дека потоа ќе бидат супермени а јавноста ќе живее во зомби фаза заборавајќи кои се и што се.

Со Филипче и СДСМ Македонија би станала клиника наместо држава, спремна за колективна лоботомија по урнекот на таа што ја врши во партијата.

А каде се парите, не кажува ни Венко ни Заев. Лоботомираните не поставуваат такви прашања, зависни се од лекарот и неговите ‘лекови’“, напиша тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк