Connect with us

Забава

Ова е „срамната“ квиз-загатката на државната РТС, заради која се смееше цела држава

Published

on

Епизодата на квизот „Ја сакам Србија“ на државната РТС долго ќе се памети и прераскажува, поради еден збор што го кажа водителката Драгана Косјерина.

Имено, таа на еден натпреварувач му го прочита прашањето во вид на поставена квиз загатка која треба да ја одгонетне, а која гласи:  „Во петици нишани, во носот те гаѓа“,  што е тоа?Потоа натпреварувачот збунет  ја замолил повторно да го прочита прашањето, односно загатката, што водителката тоа и го направи.

Натпреварувачот размислува неколку секунди и потоа ќе одговори: бибер… Па брзо потоа ќе го преиначи одговорот во кромид, но и тоа не е точниот одговор.

Водителката потоа промрморе „низ заби“ дека се надева дека тој ќе го каже точниот одговор, а откако ќе истече времето, Драгана Косјерина го кажуваа решението на загатката кое гласи, верувале или не: Прдеж!

Одговор на квиз загатката на државната РТС, заради која се смееше цела држава.

Забава

Џони Деп доби главна улога во холивудски филм, а згодна актерка ќе му биде партнерка

Published

on

Џони Деп треба да се врати во Холивуд, добивајќи ја својата прва голема кастинг улога по правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

„Холивуд репортер“ пренесува дека славниот актер е подготвен за својата прва голема холивудска продукција по неколку години, во трилерот „Day Drinker“. Тој ќе глуми мистериозен денски пијаница кој на крстарење запознава шанкерка, која ја игра Пенелопе Круз, а двајцата потоа се вплеткуваат во криминалното подземје.

Филмот ќе го режира Марк Веб. Деп и Круз на тој начин ќе се обединат, откако претходно глумеа во бројни филмови заедно.

Претседателот на Lionsgate Motion Picture Group, Адам Фогелсон, рече дека „’Day Drinker’ комбинира многу комерцијален концепт со неверојатни пресврти и свртувања, сите сместени во неверојатен свет, и нема подобар режисер од Марк или двајца посовршени актери од Џони и Пенелопе“.

Деп неодамна изјави дека „нема лоши чувства кон Холивуд“ и рече дека неговиот живот во последните години е претворен во „сапуница“.

Continue Reading

Забава

Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад

Published

on

Познатата српска пејачка и миленичка на публиката Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад.

– Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа, рече Марија во своето видео-обраќање на Инстаграм.

– Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење, порача Шерифовиќ видно тажна и потресена од трагедијата. 

Концертот е презакажан за 10.ноември на истата локација. 

Continue Reading

Забава

Каков срам: Теа Таировиќ испеа бугарска верзија на Македонско девојче

Published

on

Пејачката Теа Таировиќ неодамна приреди изведба во Бугарија, која предизвика реакции и бурни емоции во македонската јавност. Таировиќ ја испеала познатата македонска песна Македонско девојче, но, на изненадување и негодување на многумина, текстот бил изменет и наместо зборовите „македонско девојче,“ таа пеела „бугарско девојче.“

Оваа интерпретација го разочара македонското слушателство, бидејќи Македонско девојче не е само песна, туку и културен симбол кој ја истакнува убавината и уникатноста на македонскиот идентитет. Промената во текстот се доживува како неавтентична и како негирање на значењето кое оваа песна го има за македонскиот народ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк