Connect with us

Македонија

Еве зошто го славиме 1 Мај – ден на трудот, скара и природа

Published

on

Меѓународниот празник на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.

Тој ден во Чикаго околу 40.000 американски работници стапиле во генерален штрајк, под паролата „три осумки“ – по осум часа работа, одмор и слободно време.

Протестот, на кој е одговорено со репресија, поради бруталната реакција на власта и работодавачите, а потоа и со низа жртви, стана еден вид симбол на борбата за права на обесправените.

Протестите започнаа на 1 мај, а до сериозни судири со полицијата дошло на 4 и 5 мај, кои се прошириле и надвор од Чикаго.

Полицијата се обидела да ги разбие собирите, што завршило со жестоки насилства и многу жртви, како меѓу демонстрантите така и меѓу полицијата. Во судирите во Чикаго загинале најмалку шест лица, околу 50 работници се повредени, а многумина се уапсени. Подоцна петмина работнички лидери се осудени на смрт, а тројца на затворска казна.

Во знак на сеќавање на големата манифестација на обесправените и нивната одлучна борба, на Првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година е донесена одлука 1 Мај да се одбележува со масовни собири, протести и пригодни манифестации. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 Мај и официјално е прогласен за Меѓународен празник на трудот.

Постепено, во текот на последните години од 19 век и на почетокот на 20 век, 1 Мај е сè помасовно прифатен и одбележуван, многу често и со големи протести. Во повеќето земји од светот овој ден е прогласен за државен празник.

Необичен е фактот дека само во САД, каде што всушност и сè започнало, празникот на трудот веќе не се одбележува на овој датум, туку под името Ден на трудот се празнува првиот понеделник во септември.

Работничките синдикати се следбеници на оваа иницијатива. До денешен ден, како во целиот свет така и кај нас, Први мај се одбележува во спомен на чикашките работници, на оние кои своите животи ги дадоа за зачувување и унапредување на работничките права. Синдикалното движење во Република Северна Македонија има длабоки корени и традиција. Првите синдикални зачетоци датираат од 1908 година, кога е формиран првиот легален Синдикат на чевларските работници.

Сè до 2006 година во нашата земја Денот на трудот се празнуваше два дена (1 и 2 мај), а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас овој ден не се одбележува политички, но е синоним за скара и природа. Традиционално на Први мај голем број граѓани ги посетуваат излетничките места.

Македонија

„Дајмонд мол“ под вода: Проблеми со прокиснувањето.

Published

on

Дождовната вода вечерва го поплави последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“, каде вработените беа принудени со кофи да собираат вода. Оваа непријатна ситуација предизвика реакции кај посетителите, особено имајќи ја предвид вредноста на инвестицијата од 350 милиони евра. Случајот отвора прашања за квалитетот на изведбата и надзорот.

Continue Reading

Македонија

Граѓаните закажуваат па не доаѓаат, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле на компјутерска томографија

Published

on

Во изминатиот период, во Скопје за компјутерска томографија, од 4.070 закажани термини, 970 не дошле. Тоа се над 23 проценти од пациентите кои не се појавиле и претходно, не го отккажале терминот во јавното здравство, изјави денеска заменик министерот за здравство Јовица Андоновски.

Тој објасни дека се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти. Апелираше до граѓаните, доколку имаат закажан термин, а не можат да го искористат, барем последниот ден со смс порака или преку докторот, да го откажат терминот. На тој начин ќе остават место пациентите на кои навистина им треба дијагностичка процедура да ја завршат и да нема големи листи на чекање.

„Ги следиме податоците на закажани термини и на искористени термини. Стварно се јавува еден доста голем проблем. Ние сме во постојана координација и со Мој термин и со Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Разговараме за да изнајдеме идејно решение како тоа би се надминало“, посочи Андовски.

Тој кажа дека ова е многу голем проблем затоа што им се зема редот на оние граѓани на коишто навистина им треба дијагностичка процедура. Андовски рече дека се прават анализи и дека во многу земји тоа се решава на повеќе начини само треба да се реши на кој начин тоа ќе се направи.

„Во некои земји, двапати ако се откаже терминот, следува одредена парична казна или пак нема да може да закаже редовен термин за одреден временски период. Ние не би сакале да одиме со такви реперкусии. Првин ќе апелираме, ќе видиме, ќе разговараме и со докторите, ќе разговарме и преку здруженијата на пациентите, ќе апелираме. Тоа е последно што може да направиме“, подвлече тој.

Од Мој термин се праќаат пораки и потсетуваат, и според Андовски, дури и последниот ден да се откаже терминот таму се организирани, може веднаш да го ослободат терминот.

Continue Reading

Македонија

Во Штип дуваше ветер со 100 км. на час кој урна дрвја и покриви на куќи

Published

on

Повеќе од 20 часа во Штип дуваше силен ветер со брзина од над 100 километри на час. Во текот на изминативе два дена од силниот ветер се паднати повеќе дрвја на неколку локации во градот. Едно дрво падна врз покривот на средното училиште „Коле Нехтетнин“, а едно кај градинката „Вера Циривири-Трена“, на места каде обично нема многу минувачи.

Општинските служби јавуваат дека нема повредени, но дека во некои населби паднале скршени гранки од стари дрва врз паркирани автомобили, а имало и оштетени покриви.

Од ЈП „Исар“ велат дека имале над 10 интервенции на паднати дрвја и гранки, а исто толку интервенции на повик имала и противпожарната единица во Штип. И од двете служби велат дека и понатаму се очекува да продолжи невремето во Штип и околината и ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба и да внимаваат каде се движат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк