Connect with us

Македонија

31 годишен делчевчанец се соблекол и мастурбирал пред сите на летот кон скопскиот аеродром

Published

on

ВИСТИНСКА ДPAMA СЕ СЛУЧУВАЛА НА ЛЕТОТ КОН СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

Вчера во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје, соопшти МВР.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец

и по целосно доукументирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Македонија

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони!

Published

on

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки до македонската ракометна репрезентација поради значајното реми на отворањето на Светското првенство во ракомет.

„Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух. Светското првенство го започнавме како вистинска ракометна сила, докажувајќи дека сме рамноправен противник на најдобрите,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека ракометарите уште еднаш потврдиле дека во спортот нема мали и големи држави, туку дека победничките адути се спортската стаменост, посветеноста, решителноста и храброста.

Претседателката упати благодарност до македонската публика која, со своето страстно навивање, на ракометарите им дала „вулканска енергија“ за постигнување на успехот.

„Верувам во нивната сила и им посакувам витешка игра во следните натпревари. Моите мисли и емоции се со нив,“ порача Сиљановска-Давкова, изразувајќи надеж дека тимот ќе продолжи со одлични резултати и понатаму.

Continue Reading

Македонија

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ЧИСТАТ КУМАНОВО

Published

on

ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, за организирање општокорисна работа за осудените лица.

Соработката има цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица, преку нивно активно вклучување во активности за чистење и одржување на јавните простори во општината.

– Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието – изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира за да се подобрат условите за живот на заедницата, како и да се поттикне одговорност и ангажираност кај осудените лица.

Претходно кумановскиот затвор потпиша меморандум за соработка и со Општата болница Куманово

Continue Reading

Македонија

Се заканувал со нож на роднина и кршел предмети, доби кривична пријава

Published

on

43-годишен стружанец доби кривична пријава поради тоа што на 8 јануари му се заканувал со нож на роднина со кој живее во заеднички двор, а потоа и кршел предмети од куќата на десет години помладиот роднина, соопшти МВР. 

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа“, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк