Connect with us

Балкан

Невреме и во Бугарија – Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер

Published

on

Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер од поројниот дожд во Карлово, централна Бугарија.

Tие се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија. Уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.

Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.

Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено.  Паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.

Балкан

Газда за пример: По 670 евра за секое новороденче, а 1000 евра за секој што се враќа од странство

Published

on

ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени

“Не е се во профитот“ – изјави Томислав за време на најавувањето на демографските мерки кои ќе се применуваат
ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени

“Не е се во профитот“ – изјави Томислав за време на најавувањето на демографските мерки кои ќе се применуваат во сите фирми на неговата групација.

На секоја работничка која се води како вработена на определено време во било која фирма на групацијата ДИВ, Томислав е спремен да и понуди договор на неопределено време во случај на породилно отсуство. Со тоа, компанијата сака да ги мотивира жените да не се плашат од тоа дека во случај на бременост може да ја загубат работата.

За секое новородено дете, на работниците компанијата им исплаќа бруто износ од 670 евра, а доколку двата родители работат во ДИВ, овој износ се дуплира.На секој работник кој моментално се наоѓа во странство, а ќе одлучи да се врати во Хрватска и да се вработи во една од неговите фирми, ќе му се исплати бруто износ од 1.000 евра.

Continue Reading

Балкан

Повторно избувна скандал: Тијана се брани дека некој и го сменил текстот за Дачиќ.

Published

on

Многу ми е жал што случајно излегов на сцена со текст кој е сменет без мое знаење“, порача Тијана Тодевска Дапчевиќ по, според дел од српската јавност, скандалот во кој таа на детска претстава српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ го нарече „Чичко Ивица“, по што стана предмет на говор на омраза во Србија.
Пејачката Тијана Дапчевиќ проговори по скандалот што се случи во неделата вечерта на настан кој таа го водеше.

Имено, детскиот хор „Чаролије“ во неделата вечер во Сава центар го прослави својот 18-ти роденден и по тој повод на Ивица Дачиќ му беше врачена специјална награда, а пејачката Тијана Дапчевиќ, која ја водеше програмата, го најави како „чичко Ивица кој ќе добие плакета за поддршка на проектот“ од неговото основање“.

Во тој момент се слушнаа свирежи и бојкот на публиката, а снимката брзо се прошири на интернет.

„Ох, ох, мајко“. Како ја … Тијана Дапчевиќ детската претстава Магија во Сава центар. Таа им се заблагодарува на Вучиќ и Дачиќ што ја прославија 18-годишнината од хорот на Леонтина. Настана хаос. Свирежи. „Протестите не престануваат“, е еден од коментарите на социјалните мрежи по изјавата на Тијана.

Откако претходно сестра и Тамара доби тешки критики во Македонија за промашената химна без Делчев, Гули, Груев, Сандански …

Извор: https://shilomagazine.com.au/

Continue Reading

Балкан

Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

Published

on

Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица.

Случаите на заболени од грип во Албанија, значително се зголемени во последните недели, а според извештаите од единиците за јавно здравје низ земјата, над 13 илјади се регистрирани само во последната седмица.

Она што е забележливо е дека најголем број од оние кои бараат лекарска помош се деца до 5-годишна возраст, што доведе и до преоптоварување на педијатриските амбуланти во последните денови од годината што штотуку ја оставивме зад нас. Иако инфекциите на горните дишни патишта се широко распространети низ целата земја, најголем број се во Ѓирокастро, Драч, Делвина и Валона, објавија албанските медиуми.

Во моментов бројот на заболени од сезонски грип е значително поголем во споредба со пред една година, а според епидемиолозите во наредните недели се очекува зголемување бројот на заразени.

Тие советуваат дека вакцинацијата е најдобрата форма на заштита од тешки форми и смртни случаи.

До сега, над 205 илјади албански граѓани, повеќето повозрасни од 65 години, се вакцинирани против грип, која се добива бесплатно во здравствените домови низ земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк