Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот стандард на граѓаните, ќе го намали форсирањето на странските, на штета на домашните производиа, а истовремено ќе стави ред во односите на производителите и добавувачите, со трговците. Со законот до 10% ќе се ограничат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг, персонал, наспроти досегашната пракса која била 20, 30 па можеби повеќе отсто, што индиректно ја зголемувало и малопродажната цена на производите.
„Меѓутоа сега се ограничени и остануват да работат и придонесите не ги надминат процентите од 10% во тековната година, што е добро бидејќи на подолг рок со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите“, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
Дали Законот за нефер трговски практики, се применува главен контролор ќе биде Комисијата за заштита од конкуренција. Таа ќе може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши било која одредба. Во мониторинг периодот кој беше даден до 1јануари регистрирани се 26трговски нефер практики.
„Имаме различни дојави. Има одредени проблеми околу поврат на роба, во маркетингот, некаде дури се имат појавено и два ценовници. Сето тоа треба да го испита КСК и по Законот за нефер трговски практики да постапи„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
Во зависност од прекршоците ќе се движат и казните. Глоба за најтежок прекршок ќе изнесува и до 20.000евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесните прекршоци ќе зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице