Connect with us

Македонија

Владата ќе се освежува со политичарите со поминат рок Пенов и Шилегов

Published

on

Откако поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, потврди дека ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во Владата, денеска се погласни се гласините во политичките кулоари дека ќе следат уште неколку рокади во тимот на премиерот Димитар Ковачевски

Како што изминатите седмици се зборуваше, Пенов решил активно да се врати во политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата Либерално-демократска партија, а кој досега го водеше актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој поднесе оставка од должноста.

Покрај тоа, се шпекулира дека премиерот ќе оди во ремонтирање на својот владин кабинет со свои сопартијци, па Миле Зечевиќ кој дојде на позицијата генерален секретар на СДСМ со преземањето на Ковачевски на владејачката партија, ќе го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи.

Според истите извори, поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, ќе биде згрижен во Министерството за транспорт и врски на местото од Благој Бочварски.

Засега нема информации на кои позициите би заминале досегашните социјалдемократски министри кои ги поолнуваат двата споменати ресора. Неодамна, во медиумите се пишуваше за наводен судира на две фракции во СДСМ, во обидот Ковачевски да воспостави целосна сопствена контрола во некои важни државни институции.

Македонија

Апење на улица Илинденска во Тетово

Published

on

На 10.01.2025 во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово, по судска наредба, го привеле С.М. од Р. Турција, со привремен престој во Тетово, поради затворска казна во врска со член 297 ст. 3. Тој е предаден во КПУ Затвор Куманово, за издржување на казната.

Continue Reading

Македонија

Полициски претрес во Тетовско: Пронајдена муниција за автоматска пушка

Published

on

На 10.01.2025 во 11.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Е.Е. (26) од с. Ѓермо. При претресот биле пронајдени куршуми калибар 7.65 милиметри. Е.Е. бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

Continue Reading

Македонија

Димовски раскажа приказна за човек со потекло од Егејска Македонија: „Татко ми ни рече на смртна постела – вие не сте Грци“

Published

on

Во гостувањето на ТВ Алфа, во емисијата „Заспиј ако можеш“, Илија Димовски сподели емотивна приказна за свој пријател со потекло од Егејска Македонија. Преку оваа приказна, тој ја истакна судбината на многу Македонци кои биле воспитувани во грчки дух, а вистината за своето потекло ја откриле дури подоцна во животот.

Ми приоѓа еден човек, зборувајќи на тежок македонски јазик, многу архаичен, со ограничен фонд на зборови, околу 50 до 100. Ми се обраќа на македонски, а јас го прашувам:

„Од каде си, брат?“

„Од Птолемаида,“ ми вели, „знаеш каде е?“

„Знам каде е Кајлари,“ му одговарам. „Кајлари е некаде 40-50 километри јужно од Лерин, помеѓу Лерин и Кожани.“

„Добро,“ го прашувам, „таму си роден?“

„Не,“ вели, „татко ми е таму роден, а јас сум роден во Австралија.“

„А јазикот?“ го прашувам.

„Абе, јазикот,“ вели, „јас сега го учам.“

Човекот беше постар од мене, некаде 10-15 години.

„Зошто сега го учиш?“ го прашувам.

„Па,“ вели, „до пред неколку години мислев дека сум Грк.“

Мене ми се исекоа нозете. „Како?“ го прашувам. „Како мислеше дека си Грк?“

„Татко ми,“ вели, „не воспитуваше во тој дух. Одевме во грчки училишта, грчки клубови, на фолклор, спорт. Ние не бевме свесни за ништо друго.“

„А кој беше моментот кога сфати дека не е таква приказната?“ го прашувам.

„На смртна постела,“ вели, „татко ми си ја отвори душата и ни рече: ‘Деца, вие не сте Грци!’“

Видеото може да го погледнете тука.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк