Connect with us

Македонија

Лекари заминале на специјализација и никогаш НЕ СЕ ВРАТИЛЕ – На Клиника СИ ПРИМААТ ПЛАТА

Published

on

Воопшто не доаѓа на работа со години, зема редовно плата и држи лекарско место на Гинекологија. Овој апсурден случај е за лекарка од ГАК која во 2014 преку програмата на тогашниот министер Тодоров на државна сметка била пратена на специјализација во странски центар. Како што ни потврдија од клиниката како специјалист педијатар требало да се појави на работното место во 2019 година. Меѓутоа 3 години нема ниту трага ниту глас од докторката која за одењето надвор од земјата има склучено договор со Министерството за здравство. Од Гинекологија правнички како што појаснија нема што да направат и постојано испраќале дописи до надлежното министерство, но без одговор. Според информации на Сител има и други вакви случаи за што ни потврдија и надлежните институции.

Вкупно 25 лекари се упатени на специјализација во странство и тоа:

13 во Р Србија 

6 во Р Хрватска

4 во Р Словенија

1 во Р Германија

1 во Велика Британија

Од нив 4 не се вратени во државата (три што биле упатени на специјализација во Словенија и 1 во Германија).

Во евиденцијата на МЗ има известување дека им е раскинат работниот однос на 3 лица од страна на самите јавни здравствени устави, ни одговорија од МЗ.

Нејасно е како биле раскинати договорите и дали докторите кои го заобиколиле овој пат ќе ги вратат парите дадени за нивното образование, но и што некои земале плата без минат труд.

Пред 8 години, Тодоров со решенија од Министерството за здравство испрати 25 лекари на специјализации и субспецијализации во неколку земји со цел болниците да добијат постручен кадар. Тие што се вратиле продолжиле со работа а условот е неколку години по доусовршување на знаењето да останат во државното здравство.

Сител ТВ

Македонија

До АЕК поплаки за лоша интернет услуга, за висока сметка за роаминг и за измена на одредби од претплатнички договор

Published

on

Пазарот на електронски комуникации ја заврши годината со раст кај сите индикатори, со поплаки од корисниците претежно за лоша интернет услуга, за висока сметка за роаминг и за измена на одредби од претплатнички договор, но и најава за нов оператор во мобилната телефонија за што по писмото со намера од 4iG до АЕК треба да биде отворена јавна расправа. 

Од Агенцијата за електонски комуникации (АЕК) за МИА изјавија дека од четвртиот квартал 2023 година заклучно со третиот квартал минатата година до нив се поднесени 351 барање за решавање на спор. Најчести причини за поднесените барања се лоша интернет услуга, висока сметка за роаминг иако претплатникот не бил во странство (користење на пограничен интернет), како и измена на одредби од претплатнички договор, информираат за МИА од АЕК.

Од вкупниот број  барања за решавање на спор, завршени се 294, од кои усвоени се 78, делумно се усвоени 15, одбиени се 115, а отфрлени 16. За 34 барања е запрена постапката, за 19 Агенцијата била ненадлежна, а за 17 барања докуметацијата била непотполна. 

На прашање на МИА за оценка на развојот на пазарот на електронски комуникации од Агенцијата посочуваат дека според последните расположливи податоци заклучно со вториот квартал лани, може да се констатира оти кај сите индикатори има раст.

За годинава посочуваат дека ќе спроведуваат активности во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК).

По писмото за изразување намера за влез на пазарот во Македонија од 4iG, следен чекор во согласност со ЗЕК е отварање на јавна расправа за да можат сите заинтересирани страни да го искажат својот став. Од резултатот на јавната расправа ќе се знае дали ќе се поведе постапка на јавен тендер или постапка на јавен тендер со јавно наддавање, изјавија за МИА од АЕК.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: На Божиќ сите заслужуваат радост и достоинство

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својот тим, Хуманитарната организација „Свети Спас“ и отец Оливер, организираше хуманитарна акција со цел да се обезбеди достоен и радосен Божиќ за семејствата кои се соочуваат со животни предизвици.

„Најдобар начин да го славиме раѓањето на Христа нашиот Спасител е кога споделуваме со оние на кои најмногу им треба. Секое семејство заслужува богата трпеза и да знае дека не е само,“ порача Ѓорѓиевски, истакнувајќи ја важноста на солидарноста и човечноста како основни вредности на христијанската вера и традиција.

Тој нагласи дека иако денес делувал како градоначалник, неговата мисија била пред сè човечка: „Додека сум јас тука, ќе го давам максимумот од себе никој да не се почувствува сам.“

Во рамките на акцијата, многу семејства добија помош и поддршка, а Ѓорѓиевски порача дека ова е само почеток на заложбите за подобрување на условите за сите граѓани. „Ова е капка во океанот од нашата мисија – да создадеме општество без луѓе кои ќе имаат потреба од помош, туку нормални услови за живот за сите.“

На крајот, Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се натпреваруваат во правењето добри дела и да ја слават Божиќната радост преку солидарност и љубов: „Да бидеме луѓе помеѓу луѓето. Слава на Бога во висините, на земјата мир, а меѓу луѓето добра волја.“

Continue Reading

Македонија

Гордана Сиљановска-Давкова: Божиќ како симбол на духовна обновa и надеж

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, со возвишено чувство на духовна исполнетост, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, по повод празнувањето на Христовото раѓање – Божиќ.

Во својата изјава, Сиљановска-Давкова истакна дека Божиќ е ден кој ја буди надежта и најдоброто во секој од нас, потсетувајќи на симболиката на Витлеемската ѕвезда која води кон светлина, љубов и единство.

„Се надевам дека ѕвездата од Витлеем нè води и дека најдоброто во нас ќе го разбуди овој ден. Посакувам да е вечен!“ порача претседателката, споделувајќи ја важноста на празникот како време за духовна обновa, размислување и заедничка радост.

Претседателката, заедно со стотици православни верници, го одбележа овој значаен христијански празник со молитва и посветеност, истакнувајќи ја потребата од мир и благослов во секој дом.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк