Connect with us

Свет

Трамп во вторник ќе ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година

Published

on

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во вторник ќе објави дека е „кандидат за претседателските избори“ во 2024 година, потврди вчера неговиот близок советник.

Магнатот за недвижности претходно навести дека би можел да се кандидира, ветувајќи „голема објава“ од неговиот дом во Флорида во вторник, јавува Франс прес.

Поранешниот претседател Трамп „ќе објави во вторник дека е кандидат за претседателските избори. И тоа ќе биде многу професионална, многу уредна најава“, рече неговиот советник Џејсон Милер во подкастот „Воена соба“ на Стив Банон, друг близок пријател на Доналд Трамп.

76-годишниот републиканец смета дека прашањето за неговата кандидатура „не треба ни да се поставува“, објасни Милер. Иако влијанието на Трамп врз Републиканската партија останува непобитно, тој излезе ослабен од среднорочните избори во вторникот кога не успеаја многу негови истомисленици.

Спротивно на тоа, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, новата ѕвезда на цврстата десница, беше триумфално реизбран. Таа победа го зацврсти неговото место како потенцијален предизвикувач на поранешниот претседател за републиканската номинација.

Свет

НАЈНОВА ВЕСТ: Издадени налози за апсење за Нетанјаху

Published

on

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во четвртокот објави дека издал налози за апсење на водачот на Хамас Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри (познат и како Мохамед Деиф) и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант.

Судот рече дека израелското прифаќање на јурисдикцијата на судот не е неопходно.

Меѓународниот кривичен суд додава дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“.

Се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“, пишува Ројтерс.

Continue Reading

Свет

Пентагон не гледа знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина

Published

on

САД не гледаат знаци дека Русија планира да користи нуклеарно оружје во Украина, изјави за новинарите заменик-секретарот за печат на Пентагон, Сабрина Синг.

„Немаме никакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина“, рече таа.

Министерството за одбрана на САД не беше изненадено од ажурирањето на Русија на нејзината нуклеарна доктрина. САД не гледаат причини за промена на сопствената нуклеарна позиција по одлуката на Москва, рече таа.

Continue Reading

Свет

Нов извештај на Пентагон: НЛО за малку ќе се судрел со патнички авион над Њујорк

Published

on

Извештај на Пентагон откри нов систем што американската војска го користи за поефикасно да ги разбере неидентификуваните воздушни феномени познати како НЛО. По зголемените јавни барања за транспарентност околу нив, американската Канцеларија за решавање на аномалии на сите домени (AARO) на американската влада објави извештај во кој се истакнуваат иновативните пристапи за следење и анализа на овие мистериозни воздушни инциденти.

Само во 2024 година биле документирани 757 нови средби со НЛО, првенствено помеѓу мај и јуни. Тие вклучуваат 272 претходно непријавени случаи, со сведоци кои се движат од комерцијални и воени пилоти до набљудувачи на теренот. Сепак особено се забележува за еден непријатен настан, при што комерцијален лет од Њујорк пријавил инцидент и избегната несреќа со „цилиндричен предмет“, кој се уште е под истрага. Во други извештаи се опишани светла, сферични форми и уникатни формации како што се „медуза со повеќебојни трепкачки светла“, се вели во документот, пишува „Дејли мејл“.

Меѓу пријавените случаи, 49 се случиле на надморска височина од 100 километри или повеќе, проширувајќи се во вселената.

-Неидентификуваните светла и објектите во тркалезна/сферична/облик се одговорни за поголемиот дел од случаите кога извештаите давале различни визуелни карактеристики, се вели во извештајот на ААРО, истакнувајќи дека овие трендови се во согласност со историските обрасци на морфологијата на НЛО.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк