Connect with us

Македонија

Државата ќе дава по 3000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

Грижата за нашите сограѓани во време на најголема светска економска криза продолжува

Вчера Собранието го усвои Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, порача денеска Даниела Колева од СДСМ.

Законот кој е дел од пакетот мерки за помош на граѓаните вклучува финансиска поддршка во износ од 3.000 денари месечно, во наредните четири месеци, за следните групи:

Лицата кои го користат правото за попреченост, родителите на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице , а не користат право заради попреченост лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, а не користат право заради попреченост.

Поддршка е обезбедена и за самохраните родители корисници на гарантирана минимална помош, за стечајните работници како и за корисници на правото на социјална сигурност на стари лица.

Дополнително, директна финансиска поддршка во наредните четири месеци е обезбедена и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 како и за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери.

Вкупно со овој закон се опфатени речиси 200.000 лица, наши сограѓани кои се со ниски примања.

Со овој Закон помошта ја лоцираме директно кај оние семејства кои имаат најмногу потреба од помош во време на криза.

Како парламентарно мнозинство ќе продолжиме да работиме на законски решенија кои обезбедуваат поддршка и помош на сите граѓани, но и на домашните компании за справување со последиците од економската и енергетската криза, рече таа.

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: Решени сме да ја демонтираме културата на неказнивост

По повод Меѓународниот ден против корупцијата, коалицијата ВЛЕН испрати остра и јасна порака дека овој ден не е формалност за празни изјави, туку силен аларм за „болеста“ што со години ги разградува темелите на државата.

Од ВЛЕН нагласуваат дека корупцијата не е само кршење на законот, туку предавство кон граѓаните, кражба на иднината и уништување на јавната доверба. Според нив, корупцијата не се бори со зборови или документи „за око на јавноста“, туку со храбри одлуки, чесни луѓе и целосно отфрлање на компромисите со криминалот.

„Државата не се чисти со декларации, туку со карактер. Институциите не се градат со пропаганда, туку со интегритет. А правдата не е луксуз, туку обврска“, порачуваат од ВЛЕН, истакнувајќи дека се решени да ја демонтираат културата на неказнивост и да изградат систем во кој власта не е привилегија, туку одговорност.

Во соопштението се додава дека рамнодушноста значи соучесништво, а молкот – поддршка за неправдата. „Денес не е доволно само да се осуди корупцијата, туку мора да се искорени до корен“, велат од ВЛЕН.

Коалицијата повторува дека останува непоколеблива во своите принципи: нулта толеранција кон корупцијата, нулта компромис со криминалот и нулта страв од вистината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг