Connect with us

Европа

И официјално „НЕ“ за Бугарија и Романија за Шенген, „ДА“ за Хрватска

Published

on

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи денеска со 25 гласа „за“ и два „против“ го отфрли предлогот Бугарија и Романија да влезат во Шенген.

Како што беше најавено, Австрија и Холандија го блокираа приемот на Бугарија и Романија во Шенген.

Министерот за внатрешни работи Герхард Кернер ја оправда одлуката со големиот број нерегистрирани мигранти и барања за азил во Австрија и побара дополнителни мерки од Европската комисија.

Според Кернер, „не е во ред во овој момент да се прошири систем кој не работи на многу места“. Тој инсистираше да се одложи гласањето за прием на Бугарија и Романија: „Сега е погрешно време за овој чекор“.

Патот за приклучување на Хрватска во Шенген зоната е јасен, договорија министрите на 26-те земји од Шенген зоната на состанокот во Брисел.

Контролата на копнените граници на популарната туристичка дестинација ќе биде укината на почетокот на следната 2023 година.

Европа

НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА Што треба да знаете пред да патувате во Шенген зоната?

Published

on

ЕУ неколкупати ја одложи примената на новините. Последното одлагање е дека неговата примена ќе почне  следната година но не е утврден датумот.

Граѓаните кои планираат да патуваат во земјите на ЕУ од следната година ќе треба да го испланираат патувањето според новиот начин за влез и излез од ЕУ (ЕЕС) и да ги исполнат правилата од Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS. Без тоа нема да влезат во ниту една земја од ЕУ. Овие правила важат за граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ.

ЕУ неколкупати ја одложи примената на новите правила за патување. Последното одлагање е дека неговата примена ќе почне од следната година но не е утврден точниот датумот.

Новина во системот за влез и излез од ЕУ е тоа што е воведен дигитален систем за регистрација кој го заменува рачното удирање печат, а патниците повеќе нема да се потпираат на физички печати во нивните пасоши за да го наведат нивното присуство во ЕУ.

Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), сличен на американскиот систем ESTA, воведува дополнителен слој на проверка пред патувањето.

Патниците од земји ослободени од виза за ЕУ ќе треба да аплицираат за овластување ETIAS пред да влезат во ЕУ. Процесот вклучува пополнување на онлајн апликација и плаќање на такса од 7 евра, доделување овластување за патување со важност 3 години.

Треба да знаете дека во системот ќе се собираат повеќе податоци за апликантите, вклучувајќи кривични досиеја, неплатени казни или имиграциски прекршоци.

Патниците без ETIAS дозвола нема да можат ниту да се доближат до границата, но нема гаранција дека оние кои ќе поседуваат дозвола за влез ќе ја минат границата бидејќи официјалните лица на граничната контрола ја имаат последната одлука кого ќе пуштат да ја мине границата.

Апликацијата, според она што е објавено на страната на Европската комисија, ќе биде едноставна и достапна преку мобилен, таблет или компјутер, со брза обработка и електронска испорака.

Честите патници и оние кои патуваат на повеќе дестинации ќе мора да се навикнат на дополнителната проверка, но ќе уживаат во брзиот и поедноставен пристап по добивањето на одобрување за патување преку ETIAS

Со оглед дека е најавено системите да почнат да се применуваат од следната година патниците од земјите надвор од ЕУ треба да знаат и дека:

  • Нивниот пасош треба да важи најмалку 6 месеци од датумот на патувањето.
  • Аплицирањето на системот ETIAS треба да го направат најмалку 96 часапред патувањето. За да не бидат соочени со потреба да го одложат своето патување и да имаат дополнителни проблеми поради тоа.
  • Треба да ги следат новините во граничните процедури кои сеобјавуваат на официјалните веб-страници на Европската комисија.
  • Престојот во Шенген зоната е ограничен на 90 дена во период од 180 дена за патниците од земјите кои не се членки на ЕУ.
  • За престој во земјите од ЕУ потребно е и добро патничко осигурување, бидејќи со новиот систем може да има одложување на патувањето и други проблеми за што ќе имате и одредени трошоци.

Извор: Плусинфо.мк

Continue Reading

Европа

КРИМ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ СО ОРУЖЈЕ Зеленски даде изненадувачки одговор во интервју за Фокс њуз

Published

on

Во интервјуто Зеленски рекол и дека неговата земја ќе продолжи да се бори без поддршка од САД, но верува дека неговата страна на крајот ќе ја изгуби војната ако САД го повлечат своето воено финансирање.

„Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе за да загинат заради враќањето на Крим… разбираме дека Крим може да се врати дипломатски“.

Вака одговори украинскиот претседател Володимир Зеленски на прашањето на новинарот на Фокс њуз дали Украина е спремна да се откаже од Кримскиот Полуостров во замена за мир.

Во интервјуто Зеленски рекол и дека неговата земја ќе продолжи да се бори без поддршка од САД, но верува дека неговата страна на крајот ќе ја изгуби војната ако САД го повлечат своето воено финансирање.

Интервјуто со дописникот на Фокс њуз беше направено пред Пентагон во средата да објави дополнителни 275 милиони долари воена помош за Украина во нејзината борба против Русија.

Во новиот пакет САД, меѓу останата муниција, ќе му достава на Киев противпешадиски мини. Претходно американскиот претседател во заминување Џо Бајден ја одобри употребата на ракетите со долг дострел АТАКМС.

Украина употреби ракети АТАКМС во Брјанск на руска територија.

Британските медиуми денеска пишуваат дека украинските сили во регионот Курск употребиле и од британските ракети „Сторм Шедоу“ со долг дострел, за кои Украина не добила официјална дозвола од Лондон.

Continue Reading

Европа

Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот

Published

on

Американската Амбасада во Киев е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“, јави Би-би-си.

– Поради претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а вработените во амбасадата добиваат инструкции да се засолнат – се вели во соопштението.

Амбасадата исто така им препорача на граѓаните на САД да се подготват да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.

Ова не е прв пат амбасадата да ги затвори вратите по предупредувања за потенцијални воздушни напади.

Слични предупредувања имаше и за Нова година и околу Денот на независноста на Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк